Новогодишна бајка 2024
„Новогодишна бајка 2024“ е празничен сет со декоративни делчиња од „Светот на Биби“ кои се вадат и може да се закачат на елка или да се користат како украс каде и да посакате. Совршени за создавање топла новогодишна атмосфера, овие украси внесуваат боја, радост и магија во секој дом.
Идеални се за украсување на елка, детска соба или празничен агол, а воедно се и прекрасна идеја за подарок во празничниот период.
150.00ден
На залиха
Можеби сте заинтересирани за…
НОВОГОДИШНА БОЕНКА 2024
ПРИКАЗНИ ЗА ДОБРА НОЌ НА МАМА АНА 1
„Приказни за добра ноќ“ – 5 приказни за мирен сон
Времето пред спиење може да биде најтоплиот дел од денот – моменти на гушкање, тивко читање и насмевки. Но кога заспивањето оди потешко, вистинската приказна прави чуда.
Оваа книга содржи 5 внимателно одбрани, смирувачки приказни создадени да делуваат приспивно и да му помогнат на детето побрзо и полесно да отплови во земјата на соништата.
- Совршена за вечерен ритуал
- Создава мирна и сигурна атмосфера
- Го претвора легнувањето во омилен дел од денот
Подарете му на вашето дете спокојни ноќи и убави соништа со оваа топла збирка од Светот на Биби.
СЕТ ЗА ТЕНИС – Рекет (Биби и Боби)
Рекет „Биби и Боби“ е лесен и забавен рекет за игра надвор или дома, со шарени мотиви на омилените ликови од Светот на Биби. Идеален е за развој на координацијата, брзината и моториката, а играта со него носи активност и радост за најмалите додека ги развива своите рефлекси и се забавуваат со пријателите.
- Совршен за игри на отворено – во двор, парк или на плажа
- Ги развива координацијата, моториката и рефлексите
- Весел дизајн со омилените ликови Биби и Боби
- Материјал: Полипропилен
- Димензии: 36 × 22 см
АЗБУКА И БРОЕВИ (Активности со 90+ стикери)
„Активности со Биби и Боби – 90+ стикери за Азбука и Броеви“ е забавна и интерактивна книга што ги комбинира учењето и играта во едно магично искуство. Наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст, книгата им помага на најмалите да ги совладаат буквите од азбуката и броевите преку лепење стикери, поврзување, броење, боење и решавање едноставни задачи.
Со повеќе од 90 шарени стикери и омилените ликови Биби и Боби, секоја страница претставува нова авантура низ која децата развиваат предчитачки и математички вештини, фината моторика и логичкото размислување. Учењето станува игра исполнета со радост, креативност и самодоверба.
СЛОЖУВАЛКИТЕ НА БОБИ (6 сложувалки)
Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“! Секоја сложувалка прикажува поинаква сцена со омилените ликови како Боби, Жижи, Зина, Даро, Бу и мајката Змеј. , што го прави овој сет разновиден и интересен за најмалите.
Овој сет помага на децата да ја развиваат:
-
логиката и концентрацијата
-
решавање проблеми на креативен начин
-
памет и внимание
-
фина моторика и координација
-
упорност и трпение при составување на секоја сложувалка
Сложувалките се совршени за свакојдневна игра, учење и развој на вештини, додека децата уживаат во создавање весели сцени и приказни од магичниот свет на Биби












