Производи
Прикажи 9 12 18

ЗА ТЕТА (боенка, честитка)

99.00ден

За мама“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обоја и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата тетка на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и  тетката, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.

Забавата на Златко Хаџи Зајков

200.00ден
Запознајте го Златко Хаџи Зајков – весело зајаче со големо срце и уште поголема желба да приреди незаборавна забава во шумата! Во оваа шарена приказна од Светот на Биби, децата ќе ја следат неговата подготовка, дружењето со пријателите и радоста што се создава кога сите се заедно. Сликовницата носи порака за пријателството, споделувањето и убавината на заедничките моменти.

Зази – Кадифена кукла

490.00ден

Запознајте го зазулчето Зази – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Зази (картонска сликовница за најмалите)

290.00ден

„Зази“ – првата омилена сликовница на вашето дете!

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Зази“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Зази“ од Svetotnabibi.mk.

Зазулски активности

79.00ден

„Зазулски активности“ е весела и динамична книга исполнета со разиграни задачи, креативни предизвици и многу забава. Преку боење, поврзување, лавиринти, пронаоѓање разлики и логички игри, децата учат и се развиваат додека уживаат во секоја страница.

Книгата ја поттикнува креативноста, концентрацијата и самостојното размислување, претворајќи ја секоја активност во радосно и инспиративно искуство.

Зарија – Кадифена кукла

490.00ден

Запознајте ја   Зарија – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Звуците на Новата година + карти „Меморија“

350.00ден

„Звучите на Новата година + карти „Меморија“ – сет што комбинира читање и игра!

Овој уникатен сет содржи:
Сликовница „Звучите на Новата година“ – забавна и неконвенционална приказна со омилените ликови како Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз и роботчето R1, кои заедно тргнуваат да ја спасат целата музика во универзумот, поради чудните „испревртени“ звуци и мелодии што се случуваат околу Нова година.

Дополнителни карти „Меморија“ – игра меморија со главните ликови од приказната, што ги развива концентрацијата, памтењето и забавата додека се игра со семејството или пријателите.

– Ова е идеален подарок што ги поврзува читањето, учењето и играта во едно, поттикнува креативност, зборување и интеракција со децата – совршено за празнична атмосфера!

Звучна азбука со Биби и Боби

890.00ден

„Звучна азбука со Биби и Боби“ е интерактивно едукативно издание што им помага на децата брзо и лесно да ги научат буквите на македонската азбука заедно со омилените херои Биби и Боби. Книгата комбинира слушање на звучни сигнали со визуелни и тактилни елементи за поефективно учење и запомнување.
Производот нуди:

-Звучни функции: Секој звук ја претставува правилната изговорена буква, што му помага на детето да ја поврзе буквата со нејзиниот звук.
-Илустрации со Биби и Боби: Секоја буква има забавни и шарени слики, што ги мотивира децата да учат додека се забавуваат.
-Интерактивно искуство: Сепак, производот е замислен да биде повеќе од книга — тоа е алатка што ги буди слушните, визуелните и моторичките вештини на детето.
-Учество на сите сетила: Комбинацијата на звук и визуелен материјал помага за подобро разбирање и подлабоко запомнување на буквите.

Ова издание е одлично за деца што почнуваат да ги учат буквите, за развивање фонолошка свесност и за подготвка за читање и пишување, преку игра и интеракција со омилените ликови.

Зелениот Пират – Кадифена кукла

590.00ден

Запознај го зелениот Пират – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти.

Зеленчук (картонска сликовница за најмалите)

290.00ден

Најмалите уживаат во книги кои имаат ритам, рима и повторување.
Кои книги се соодветни за нив?
– Книги со едноставни и светли бои или контрасни слики бидејќи на тој начин може полесно да се фокусираат;
– Книги со различна текстура;
– Книги со слики од деца;
– Меки, водоотпорни, картонски или платнени книги;
– Книги за храна, транспорт, животни;
– Книги што имаат илустрации од едноставни предмети/објекти
Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.

Зик – Кадифена кукла

490.00ден

Запознај го зазулчето Зик – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Зимска вселенска бајка

200.00ден

Биби и Боби забележаа дека Зази е многу тажен – му недостигаат  неговите другарчиња…
Биби, Боби и Зази тргнуваат во несекојдневна авантура низ целата вселена за да стигнат навреме на новогодишната прослава на планетата Заз. Но дали ќе успеат?
На патот се случуваат интересни и неочекувани авантури….