Производи
Прикажи 9 12 18

Лампиони „Светот на Биби“

190.00ден
Додај магија на прослави и детски моменти со сет од 10 картонски лампиони со омилените ликови од „Светот на Биби“, идеални за украса на родендени, забави или детски соби. Лампионите се со формат 8 × 8 см и доаѓаат спакувани во шарена кутија — лесни за поставување и совршени за создавање весел и магичен амбиент!

Лавот што не сакаше да биде крал

200.00ден
Животните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал. 
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.

Кучето Куки

200.00ден

Тоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.

Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?

Кражба во музејот

200.00ден
Убав сончев ден, Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминувајќи покрај природонаучниот музеј, одеднаш се слуша силен аларм! Од музејот истрчуваат три зазулчиња, а едно од нив држи мал камен – метеор! По нив трча чуварот на музејот, а Биби и Боби остануваат во шок. Што ли украле овие зазулчиња и како ќе се реши мистеријата? Придружете им се на храбрите другарчиња во возбудлива авантура полна со тајни, смеа и непредвидливи моменти!

Кофичка – сет за на плажа

250.00ден
Шарен и забавен сет за на плажа што го содржи сето што едно дете му треба за песочни авантури: кофичка, гребло, лопатка и сито – идеален за игра на плажа, во песок или во двор. Ги развива моторичките вештини и креативната забава на најмалите додека истражуваат песокот и градат форми и фигури.

Комплет Биби

Original price was: 1,190.00ден.Current price is: 833.00ден.
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page

Практичен и шарен комплет облека со мотиви на Биби што го комбинира стилот и удобноста за секојдневни активности.

Комплетот вклучува:

  • Маичка со креативен дизајн од „Светот на Биби“

  • Хеланки кои обезбедуваат удобност, меки се и лесни за носење

Овој сет е совршен за игра, прошетки, градинка или секојдневни пригоди, нудејќи удобност и весел изглед што ќе го освежи детскиот гардеробер.

Кој прв?

390.00ден
"Кој прв?" е одлична игра за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите. Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, било кои две картички имаат точно еден симбол кој е ист на двете картички. Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички. Играта се состои од неколку различни начини на игра, но во сите игри играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо. Играта е наменета за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент. Забавата е загарантирана!

Книга на знаења

590.00ден

„Книга на знаења“ – едукативна книга за деца

Оваа книга со знаења е полна со забавни и поучни содржини што им помагаат на децата да го разберат светот околу себе. Преку едноставни објаснувања и примери, книгата ги запознава со основни поими како: горе и долу, лево и десно, блиску и далеку, големо и мало, долга и кратка, но и со природата, годишните времиња, месеците во годината, човечкото тело, растенијата и животните.

-Зошто е супер за учење:
✔ Развија логичко размислување и просторна ориентација
✔ Го проширува општото знаење за светот околу децата
✔ Идеална за деца во развој, со содржина што им е лесно разбирлива и забавна

- Книгата има 66 страници, тврда корица и е во голем формат што овозможува пријатно читање и истражување.

Превозни средства (картонска сликовница за најамлите)

290.00ден

„Превозни средства“ е весела и едноставна картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку шарени илустрации, најмалите се запознаваат со различни видови превозни средства – автомобили, автобуси, камиони и други објекти што ги среќаваме во секојдневниот живот. Книгата е дизајнирана така што привлекува внимание со светли бои и јасни форми, што им помага на децата лесно да ги поврзат поимите со сликите и да ги развиваат своите први знаења за светот околу нив.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Карантинските хроники на Тхе Мичо

300.00ден

Карантински хроники“ е книга од едицијата Светот на Биби што се фокусира на искуства, емоции и секојдневни случувања на Биби и Боби додека се соочуваат со периодот на карантин. Преку забавни и топли приказни, најмалите читатели може да ги следат нивните мисли, чувства и начини на справување со новиот режим на живот – како играње дома, учење од далечина, грижа едни за други и пронаоѓање креативни авантури во ограничени услови.

Книгата помага на децата да ги разберат сопствените емоции и предизвици поврзани со карантинот, ја развива нивната емпатија и им дава чувство на сигурност преку препознавање на слични ситуации во животот на омилените ликови.

Ова се само дел од досетливите и полни со хумор илустрации на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, кои произлегоа од светската пандемија на Ковид-19, карантинот, дисциплинираното #седетедома и полициските часови. Како се олабавуваа мерките, така Мичо секојдневно си ја завршуваше зададената задача и постираше по една илустрација од секојдневието. Сите илустрации, вкупно 82, собрани во едно издание под наслов Quarantine chronicles („Карантински хроники“)

Капетанот Пират – Кадифена кукла

590.00ден
Запознај го капетанот Пират – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти