Производи
Прикажи 9 12 18

Малата вештерка

200.00ден

Вештерката се врати во волшебната шума, но овој пат не е сама – има и помошничка, мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија. 
Заедно ќе доживеат смешни и магични моменти, учејќи дека пријателството и добрата намера се најсилната магија од сите.

Мачето Гаро – Кадифена кукла

390.00ден

Запознај го мачето Гаро – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти

Медената авантура на Биби и Боби

200.00ден

Во Волшебната шума се вселуваат нови жители – Медо Штедо и Медена.
Биби и Боби ги посетуваат и добиваат корисни совети како да штедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели, да не ги троши сите пари на слатки задоволства и непотребни играчки, и заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи.

Меѓупланетарна брканица

200.00ден

Биби, Боби, зазулчињата и Р1 летаа низ порталот. Каде ли ќе стигнат?
Оооооо… Уууууу… Зззззз… Би-бип-бип-бип! И одеднаш – бум! – тие се најдоа на огромна пустинска планета со црвен песок и чудни летала што пролетаа над нив.
– Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина… – се прашуваше Биби, кога од далечината започна вистинска меѓупланетарна брканица!

Меморија -Дружината на Биби (мини игри)

120.00ден

Забавна и едноставна игра за тренинг на паметењето!

Овој сет со картички од „Светот на Биби“ ги развива концентрацијата, визуелното паметење и вниманието додека играчите бараат парови.

Идеална е за деца, за семејни игри или како лесна забава на патување — едноставно преврти, запомни и пронајди ги паровите!

Меморија за најмалите

390.00ден
Прва мемориска игра за најмалите:
Прекрасен избор помеѓу мемориските игри за најмалите деца направена од тврд картон. Може да биде користена како класична игра меморија или картички за едноставно препознавање ликови од „Светот на Биби“. Родителите може да ги користат овие разнобојни картички да индуцираат одредени зборови. Победник во оваа игра е оној што ќе пронајде повеќе ликови/парови. Сетот е направен со 16 картички.
-Развивање критички вештини: Дизајнирани во препознатливиот стил на „Светот на Биби“, направени од тврд картон, во форма на круг. Секоја илустрација е обоена со едноставна и различна боја за полесно помнење. Совршена за вежбање и подобрување на меморијата, концентрацијата и когнитивното размислување. Гледајте како вашето дете станува сѐ подобро со секое повторување.
-Создадени да траат: Картичките се направени од тврд картон со цел да траат. Секоја картичка е со дијаметар 10 см и дебелина 2 мм. Децата може да експериментираат без можност да се скине картичката.
-Забава за целото семејство: Меморија за најмалите е игра за најмалите, до 4-годишна возраст. Може да ја играат и сами, но е и одлична можност во играта да учествува и целото семејство. Една игра може да трае околу 10 минути, а целиот процес на запознавање со играта, за тоа како се игра и што се прави, трае помалку од 5 минути. Има 8 пара, односно вкупно 16 картички со јунаците на „Светот на Биби“: Биби, Боби, Алфеј, Зази, Зик, Зули, Зина, Зуф.
-Забавата е загарантирана: Едукативна игра за ран развој, создадена со многу љубов од Светот на Биби

Месечина

390.00ден

Оваа шарена и магична книга ја следи авантурата на Боби кога во темната ноќ, по гаснењето на светлото, забележува сенка во својата соба и се запрашува како Месечината светли и создава сенки дури и ноќе. Преку забавна и лесно разбирлива приказна, децата ќе учат за небеското светло, сенките и природните појави, додека ги следат омилените ликови на Биби и Боби.

– Идеална за развој на љубопитност и учење за природата
– Забавна и поучна вечерна приказна
– Прилагодена за деца кои сакаат да истражуваат „зошто“ прашања

Мечето на Биби – Кадифена кукла

690.00ден

Запознај го мечето на Биби– мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Мики мрзливец – Кадифена кукла

590.00ден

Запознај го мрзливецот Мики – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти

Мини лизгачка сложувалка – Биби

49.00ден

Оваа шарена мини лизгачка сложувалка со ликот Биби е одлична за развој на фината моторика, логиката и концентрацијата кај најмалите.

Лизгачките парчиња се лесни за ракување и совршени за мали дечиња кои сакаат да истражуваат, комбинираат и решаваат предизвици низ игра.

Идеална како подарок, за секојдневна игра или учење преку забавни активности!

Мини лизгачка сложувалка – Боби

49.00ден

Оваа шарена мини лизгачка сложувалка со ликот Боби е одлична за развој на фината моторика, логиката и концентрацијата кај најмалите.

Лизгачките парчиња се лесни за ракување и совршени за мали дечиња кои сакаат да истражуваат, комбинираат и решаваат предизвици низ игра.

Идеална како подарок, за секојдневна игра или учење преку забавни активности!

Можам да читам! Во градината на Биби и Боби

49.00ден

Оваа книга е специјално дизајнирана за деца што прават први чекори во читањето, со едноставни реченици и познати поими што им помагаат да ја развијат самодовербата и радоста од читањето.

Во ова издание, Биби и Боби ги водат децата низ приказните и активностите во градината, каде што учат, играат и откриваат нови работи за секојдневниот живот.

Зошто е одлична за деца:
– Јасен и лесен текст за почетно читање
– Теми блиски до светот на детето
– Поттикнува љубов кон книгите и самостојно читање

Перфектна за училиштe или дома, оваа книга е одличен придружник на првите чекори на детето во светот на читањето.