„Превозни средства“ е весела и едноставна картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку шарени илустрации, најмалите се запознаваат со различни видови превозни средства – автомобили, автобуси, камиони и други објекти што ги среќаваме во секојдневниот живот. Книгата е дизајнирана така што привлекува внимание со светли бои и јасни форми, што им помага на децата лесно да ги поврзат поимите со сликите и да ги развиваат своите први знаења за светот околу нив.
Производи
Прикажувам 193–204 од 318 резултатиSorted by latest
сл. КРАЖБА ВО МУЗЕЈОТ
200.00ден
Убав сончев ден, Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминувајќи покрај природонаучниот музеј, одеднаш се слуша силен аларм!
Од музејот истрчуваат три зазулчиња, а едно од нив држи мал камен – метеор! По нив трча чуварот на музејот, а Биби и Боби остануваат во шок.
Што ли украле овие зазулчиња и како ќе се реши мистеријата? Придружете им се на храбрите другарчиња во возбудлива авантура полна со тајни, смеа и непредвидливи моменти!
КОФИЧКА – сет за на плажа
250.00ден
Кофичка сет за на плажа – сè што им е потребно на најмалите за забавна игра со песок!
Сетот е одличен за игра на плажа, во песок или во двор. Со кофичката и додатоците, децата можат да копаат, полнат, пресипуваат и да создаваат свои мали песочни креации. Ги развива моторичките вештини и креативната забава на најмалите додека истражуваат песокот и градат форми и фигури.
- Препорачана возраст: 3+
- Материјал: Пластика
Комплет Биби (хеланки +маичка)
1,190.00ден
Избери опции
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Практичен и шарен комплет облека со мотиви на Биби што го комбинира стилот и удобноста за секојдневни активности.
Комплетот вклучува:
-
Маичка со креативен дизајн од „Светот на Биби“
-
Хеланки кои обезбедуваат удобност, меки се и лесни за носење
Овој сет е совршен за игра, прошетки, градинка или секојдневни пригоди, нудејќи удобност и весел изглед што ќе го освежи детскиот гардеробер.
КОЈ ПРВ?
390.00ден
"Кој прв?" е одлична игра за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите.
Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, било кои две картички имаат точно еден симбол кој е ист на двете картички.
Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички.
Играта се состои од неколку различни начини на игра, но во сите игри играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо.
Играта е наменета за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент.
Забавата е загарантирана!
КНИГА НА ЗНАЕЊА
590.00ден
„Книга на знаења“ – едукативна книга за деца
Оваа книга со знаења е полна со забавни и поучни содржини што им помагаат на децата да го разберат светот околу себе. Преку едноставни објаснувања и примери, книгата ги запознава со основни поими како: горе и долу, лево и десно, блиску и далеку, големо и мало, долга и кратка, но и со природата, годишните времиња, месеците во годината, човечкото тело, растенијата и животните.
-Зошто е супер за учење:
✔ Развија логичко размислување и просторна ориентација
✔ Го проширува општото знаење за светот околу децата
✔ Идеална за деца во развој, со содржина што им е лесно разбирлива и забавна
- Книгата има 66 страници, тврда корица и е во голем формат што овозможува пријатно читање и истражување.
Картонска торта „Светот на Биби“
299.00ден
ПРЕВОЗНИ СРЕДСТВА (картонска сликовница за најамлите)
290.00ден
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Карантинските хроники на Тхе Мичо
„Карантински хроники“ е книга од едицијата Светот на Биби што се фокусира на искуства, емоции и секојдневни случувања на Биби и Боби додека се соочуваат со периодот на карантин. Преку забавни и топли приказни, најмалите читатели може да ги следат нивните мисли, чувства и начини на справување со новиот режим на живот – како играње дома, учење од далечина, грижа едни за други и пронаоѓање креативни авантури во ограничени услови.
Книгата помага на децата да ги разберат сопствените емоции и предизвици поврзани со карантинот, ја развива нивната емпатија и им дава чувство на сигурност преку препознавање на слични ситуации во животот на омилените ликови.
Ова се само дел од досетливите и полни со хумор илустрации на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, кои произлегоа од светската пандемија на Ковид-19, карантинот, дисциплинираното #седетедома и полициските часови. Како се олабавуваа мерките, така Мичо секојдневно си ја завршуваше зададената задача и постираше по една илустрација од секојдневието. Сите илустрации, вкупно 82, собрани во едно издание под наслов Quarantine chronicles („Карантински хроники“)КАПЕТАНОТ ПИРАТ – Кадифена кукла
Запознајте го Капетанот Пират – мека кадифена играчка од Светот на Биби!
Храбар, разигран и секогаш подготвен за нова авантура, Капетанот Пират е совршен придружник за малите љубители на пиратски приказни и возбудливи детски игри со Биби и Боби. Со него, секоја игра може да стане нова авантура исполнета со фантазија и забава.
Мекиот и пријатен материјал го прави идеален за гушкање, игра и секојдневни детски моменти. Капетанот Пират лесно ќе стане омилен лик во детските игри.
- Препорачана возраст: 3+
- Состав: Полиестерско влакно
- Димензии: 25 × 11 см
- Должина на краците: 9 см
КАДЕ Е ЖИЖИ? (мини игри)
Забавни и едноставни мини игри со картички од омилените ликови од „Светот на Биби“!
Играта развива внимание и брза реакција — играчите редат и вадат картички, кажуваат лик и се обидуваат да бидат први кои ќе стават рака кога ќе се појави Жижи.
Победува оној со најмногу освоени картички!
Прекрасна за забава со семејството и другарчињата.
Вчитај повеќе производи
Се вчитува...






















