Прикажувам 205–216 од 291 резултатиSorted by latest
Друштвена игра: БИНГО СО БУКВИ
590.00денЗабавна и едукативна друштвена игра за деца со која учењето на буквите станува лесно и забавно!
Секоја буква е претставена со слика, а играта развива внимание, меморија и препознавање, идеална за семејство, градинка или игра со другарчиња.
Погодна за деца од 4+ години – совршена комбинација на игра и учење!
Друштвена игра: „БУУУ“
690.00денЗапочни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!
Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.
Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.
Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.
Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.
Друштвена игра ШТО СУМ ЈАС?
690.00денИграта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта!
Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“
Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии.
Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад.
Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби.
Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред.
Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.
Добре дојдовте првачиња
99.00ден„Добре дојдовте првачиња“ е посебно издание кое го одбележува важниот момент на започнување на училишното патување. Со оваа книга, вашите првачиња ќе се запознаат со училиштето, наставниците и учењето преку забавни и едукативни содржини, водени од омилените ликови на Биби и Боби. Совршено за првиот школски ден!
Диви животни (картонска сликовница за најмалите)
„Диви животни (картонска сликовница)“ е весела и шарена картонска книга од Светот на Биби наменета за најмалите деца.
Преку јасни и привлечни илустрации, најмалите учат за различни диви животни од различни краеви на светот, ги препознаваат нивните облици и имена и ја развиваат љубовта кон природата и живиот свет.
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Деца против родители
690.00денЗапочнете весели семејни моменти со „Деца против родители“ – забавна интерактивна игра што ги вклучува сите!
Содржи 40 картички со прашања и предизвици, табла за игра, коцка и 2 фигури, дизајнирани така што и децата и возрасните имаат еднаква шанса да победат.
Играта поттикнува смеа, тимска работа и креативна конкуренција – идеална за семејни вечери, дружби и забава со награди!
Деси – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте ја Деси – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Дедо мраз од Заз – Кадифена кукла
690.00денЗапознајте го Дедо Мраз од Заз – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Даро (картонска сликовница за најмалите)
290.00ден„Даро“ е шарена и привлечна картонска сликовница од едицијата Светот на Биби, наменета за најмалите читатели. Во ова издание детето има можност да се запознае со Даро – еден од ликовите од овој волшебен свет, што ја прави книгата идеална за почетно откривање на нови пријателства и нови приказни.
Книгата е дизајнирана така што е лесна за држење со мали рачиња и содржи шарени илустрации што го привлекуваат детското внимание, истовремено поттикнувајќи љубопитност и љубов кон читањето уште од најрана возраст.
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Даро – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте го диносаурусот Даро– мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Гого мини – Кадифена кукла
390.00денЗапознајте мини снешко Гого – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Вредниот мрзливец
200.00денВо волшебната шума се доселуваат нови, необични жители – мошне мрзливи, сите освен еден кој е поинаков од нив.
Боби и малиот мрзливец Мики си ги заменија местата, а потоа следуваат смешни, возбудливи и поучни ситуации за пријателство, храброст и вредноста на активноста.








