Производи
Прикажи 9 12 18

Детска четка за заби – Philips Sonicare HX3603/01

3,399.00ден
Направете го четкањето забавно и создадете здрави навики за цел живот

Детска четка за заби – Philips Sonicare HX3601/01

2,549.00ден
Направете го четкањето забавно и создадете здрави навики за цел живот

Волшебната Биби

2,290.00ден

„Волшебната Биби“ е интерактивна звучна книга со богат и внимателно избран репертоар за деца.

Содржи пет весели и едукативни песни:

  1. Ајде на училиште
  2. Азбука најубава
  3. Химната на Биби
  4. Имам желба јас
  5. Роденденската песна на Биби

Во книгата се вклучени и четири интересни приказни:

  1. Биби и зрното грашок
  2. Биби и вретеното
  3. Биби, Боби и волче
  4. Биби, Боби и Снежната кралица

Оваа звучна книга ја спојува музиката и раскажувањето во едно волшебно доживување, поттикнувајќи го развојот на говорот, слухот, меморијата и љубовта кон учењето преку игра.

Боенка: Биби, Боби и куќичката од чоколадо

99.00ден

„Боенка – Биби, Боби и куќичката од чоколадо“ е забавна и креативна боенка инспирирана од приказната за волшебна куќичка од чоколадо. Децата можат да ги обојат сцените со Биби, Боби и нивните пријатели додека ги следат нивните авантури, откриваат детали и ја развиваат својата имагинација.

Преку боењето, малите уметници ја подобруваат фината моторика, вниманието кон детали и се поттикнуваат да ја оживеат магичната приказна со сопствени бои и креативност.

Биби, Боби и Снежната кралица

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на магична авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица. 
Заедно ќе се соочат со зимски предизвици, ќе доживеат неверојатни моменти полни со магија и ќе откријат дека пријателството и храброста се најсилната моќ.

Новогодишно пакетче – „Тајната лабораторија на играчки“

2,790.00ден
Пакетот содржи: Кутија во форма на куќичка, Биби кукла што пее и раскажува, Suprise BOX (Привезок со лик од „Светот на Биби“), Активности со над 90 стикери за Азбука и Броеви, Активности со над 90 стикери за овошје и зеленчук, Новогодишна сликовница со Дедо мраз од Заз, Новогодишна боенка, Албум „Сказните на Биби“, 3 кесички со сликички, Алка, Бибот, Сапуница и тетоважа. Испораката на ова пакетче ќе започне после 10 декември.

Кучето Куки – Кадифена играчка

590.00ден
Запознај го кучето Куки – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти радост.

Детски хулахопки – Bibi & 22April

390.00ден
Избери опции This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Хулахопките не се само стилски и удобни, туку се и биоразградливи. Со Amni Soul Eco® во својот состав, кое е интелигентно вештачко предиво од најнова генерација, тие се разградуваат многу побрзо од обичното синтетичко влакно, без да оставаат траги во природата. Хулахопките се збогатени со алое вера, природна состојка која не само што ја хидрира детската кожа, туку овозможува дополнително мека и пријатна текстура, што ги прави идеални дури и за најосетливата кожа. Благодарение на своите антимикробни својства, овие хулахопки нудат и заштита и удобност – совршен избор за секое дете. Дополнително, во нивното производство се користат исклучиво вегански бои, што ги прави безбедни и за детската кожа и за планетата.

Овошје и зеленчук (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Овошје и зеленчук – Активности со 90+ стикери“ е едукативна и забавна книга што ги запознава децата со светот на здравата храна преку игра и креативни задачи. Преку лепење на повеќе од 90 шарени стикери, боење, поврзување и препознавање, децата учат да разликуваат овошје од зеленчук, ги откриваат нивните бои, форми и придобивки и развиваат здрави навики од најмала возраст.

Книгата поттикнува љубопитност, фина моторика и основни когнитивни вештини, претворајќи го учењето во вкусна и весела авантура.

Сложувалка со коцки – Биби и Жижи

490.00ден

Сложувалката со 6 коцки и 6 слики „Биби и Жижи“ нуди забавна и интерактивна игра за деца кои сакаат да истражуваат, комбинираат и создаваат. Со шарени мотиви на омилените ликови од Светот на Биби, секоја страна од коцките прикажува дел од различна слика, што ја прави играта предизвикувачка и креативна.

Оваа игра ја развива логиката, визуелното паметење, координацијата рака‑око и фините моторички вештини, додека децата редат коцки за да создадат весели сцени и приказни. Идеална е за секојдневна игра, учење и развој на креативноста!

Сложувалките со коцки за деца се едукативни играчки кои помагаат во развојот на различни вештини преку игра. Тие се наменети за деца од околу 1 до 6 години, во зависност од големината и сложеноста на коцките.

Придобивки:

  • Го поттикнуваат развојот на фина моторика и координација рака-око.

  • Ја подобруваат концентрацијата и логичкото размислување.

  • Помагаат во учење на форми, бои и големини.

  • Го развиваат креативното и просторното размислување.

Со нив децата учат преку експериментирање, градење и рушење, што е природен и забавен начин за стекнување нови знаења.

Дедо мраз од Заз

200.00ден

Ноќта пред Нова година Биби и Боби со нетрпение го очекуваат Дедо Мраз. Сè е подготвено - елката свети, се јадат колачиња, а тие се нестрпливи да видат што ќе им донесе Дедо Мраз. Но… оваа година се случи нешто што не се случило никогаш ама баш никогаш. Дедо Мраз се разболе!

Што ќе се случи сега? Кој ќе им ги донесе подароците на сите деца во светот?

Не грижете се - помошта пристигнува од најочекувано место: планетата Заз!

Весела, топла и интерактивна приказна со активности што ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека чуда навистина постојат!