Прикажувам 13–24 од 318 резултатиSorted by latest
Роденденски тањири Биби- Paper plates Bibi 8/1
140.00денКартонски тањири Биби
Картонски тањири со Биби, совршени за детски родендени и тематски прослави. Практични за послужување торта, грицки и други роденденски задоволства, а воедно се прекрасен дел од декорацијата на роденденската маса.
Пакување: 8 парчиња
Роденденски цевки Боби-Party straws Bobby 6/1
120.00денВесели цевки за пијалаци, идеални за детски родендени и прослави со ликот на Боби.
Практичен додаток за роденденската маса кој внесува дополнителна веселба во секоја прослава.
Пакување: 6 парчиња
Роденденски цевки Биби-Party straws Bibi 6/1
120.00денВесели цевки за пијалаци, идеални за детски родендени и прослави со ликот на Биби.
Практичен додаток за роденденската маса кој внесува дополнителна веселба во секоја прослава.
Пакување: 6 парчиња
Салфетки Бoби- Paper napkins Bobby 16/1
160.00денХартиени салфетки со Боби, идеални за роденденски прослави и тематски роденденски маси.
Практичен и весел додаток кој совршено се вклопува со останатите производи за роденденот.
Пакување: 16 хартиени салфетки
Салфетки Биби- Paper napkins Bibi 16/1
160.00денПрактични и весели хартиени салфетки со Биби, идеални за украсување и послужување на роденденската маса.
Совршен избор за тематска прослава со омилениот лик.
Пакување: 16 хартиени салфетки
Роденденска капа Боби – Party hat Bobby 6/1
120.00денНаправете ја роденденската прослава уште повесела со картонски капи со Биби. Идеални за детски родендени и тематски прослави, за секое дете да биде дел од веселата роденденска атмосфера.
Пакување: 6 картонски капи
Роденденска капа Биби – Party hat Bibi 6/1
120.00денНаправете ја роденденската прослава уште повесела со картонски капи со Биби.
Идеални за детски родендени и тематски прослави, за секое дете да биде дел од веселата роденденска атмосфера.
Пакување: 6 картонски капи
ОВОШЈЕ (картонска сликовница за најмалите)
290.00денНајмалите уживаат во книги кои имаат ритам, рима и повторување.
Кои книги се соодветни за нив?
– Книги со едноставни и светли бои или контрасни слики бидејќи на тој начин може полесно да се фокусираат;
– Книги со различна текстура;
– Книги со слики од деца;
– Меки, водоотпорни, картонски или платнени книги;
– Книги за храна, транспорт, животни;
– Книги што имаат илустрации од едноставни предмети/објекти
Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.
ПАТ ОКОЛУ „СВЕТОТ НА БИБИ“
690.00денБРОЈ НА ИГРАЧИ: 2-4
ЕЛЕМЕНТИ: табла, коцка, фигури, медали, карти, листа со точни одговори на прашања
КАКО СЕ ИГРА ОВАА ИГРА: Пред да започне играта, медалите за специјалните полиња се редат на таблата според сликичката (срце, капа или лист). Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето КУЌА, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката.
Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со прашање. Доколку точно одговори, си ја зема картата (и со тоа добива еден поен на крајот од играта). Доколку не знае да одговори на некое прашање, не добива поен и картата се враќа на дното од купчето со карти.
Ако застане на поле на кое има медал, треба да ја изврши мисијата напишана на тоа поле и ќе добие медал за СУПЕРДРУГАР, АВАНТУРИСТ или ЗАШТИТНИК НА ПРИРОДАТА. Овие медали ги добива само оној играч што прв ќе стапне на тоа поле.
Играчот кој прв ќе стигне до полето КУЌА, добива специјален медал кој носи 5 поени. Вториот добива медал кој носи 3 поени, третиот 2 и последниот играч добива медал со 1 поен. Играта завршува откако сите ќе се вратат на полето КУЌА.
Напомена: За играчот да пристигне на целта, мора да фрли точна бројка за да ги помине полињата до целта.
Во тој момент играчите ги собираат освоените поени од картите и медалите. Победник е оној што има најмногу поени, без разлика кој стигнал прв до полето КУЌА.
Детски чадор (Жолт)
590.00денШарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.
Детски чадор (Син)
590.00денШарен и практичен детски чадор со омилените ликови од „Светот на Биби“, создаден да ги заштити најмалите од дожд и сонце. Лесен е за користење и прилагоден за детски рачиња, а неговата цврста конструкција обезбедува сигурност и удобност при секоја прошетка. Совршен избор за во градинка, училиште и сите детски авантури, без разлика на времето.
БУКВА ПО БУКВА … ЗБОР!
390.00денБуква по буква…збор! 💓
Што содржи оваа игра❓
Содржи 60 картички со слики и 60 картички со букви.
Како се игра❓
Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа.
Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.






