Производи
Прикажи 9 12 18

Бети Јети – Кадифена кукла

590.00ден

Запознајте ја   Бети Јети – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Биби – Кадифена кукла (25 см)

690.00ден

Запознајте ја   Биби – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Биби (картонска сликовница)

290.00ден

Запознај ја Биби! Картонска едиција со ликовите од „Светот на Биби“ за најмалите наши обожаватели.

Биби 2024 (кадифена кукла)

650.00ден

Запознајте ја   Биби 2024 – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Биби и Боби во езерските длабочини

200.00денПарче
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако – да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!

Биби и Боби во пустината Тоби

200.00ден

Биби и Боби тргнуваат во возбудлива авантура низ големата пустина Тоби, јавајќи камили и истражувајќи ги величествените пирамиди. Но, палавиот Боби не може без малку бељи!

Токму кога љубопитноста ќе го однесе предалеку… упс! Од никаде се појавува џиновска шепа! Чија е таа и што ќе се случи понатаму?

Откријте во оваа возбудлива сликовница за пријателство, храброст и изненадувања од серијалот Светот на Биби!

Биби и Боби во Снешковград

360.00ден

Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш – непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година?
Оваа книга е идеална за заедничко читање со децата или како подарок што ќе ја разбуди фантазијата и ќе донесе празнична радост во домот.

Биби и Боби во Снешковград

200.00ден

Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за да ја прослават Новата година, но градот е пуст и тивок. 
Зошто никој не ја прославува? Заедно со новите пријатели, тие ќе откријат што се случува, доживувајќи возбудливи и непредвидливи новогодишни авантури.

Биби и Боби на европско првенство во фудбал

300.00ден

Биби и Боби тргнуваат на возбудливо патување низ историјата на фудбалот – од неговите почетоци во светот до најголемите успеси на македонските тимови.

Оваа сликовница е вистинска сказна за најмалите, полна со забавни факти, алманах со наши херои и дури постер од македонската фудбалска репрезентација. Преку авантурите на Биби и Боби, децата учат за спортот, тимската работа и љубовта кон играта која ги обединува сите!

Биби и Боби на заболекар

290.00ден

Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.

Биби и животните

200.00ден

Биби оди на прошетка во волшебната шума во посета на своите пријатели – животните, но таму ќе се соочи со ловец што дојде со лоши намери и поставува опасна стапица. 
Приказната низ смешни и возбудливи ситуации покажува како Биби ја штити шумата и животните, додека децата учат за правилното однесување во природа и важноста на грижа за животните.

Биби и џиновите

200.00ден

Биби се запознава со големи и забавни џинови во нивната џиновска пештера, каде тие се соочуваат со голем проблем.
Нашата хероина ќе им помогне и ќе ги научи дека перењето, чистењето, раскревањето и грижата за личната хигиена се важни активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на возраст или пол.
Сликовницата е полна со смешни и интерактивни моменти, забавни активности и игри, кои ќе им помогнат на децата да учат преку забава.