Филтер по цена
Прикажувам 229–240 од 276 резултатиSorted by latest
Бибот албум
49.00денБибот албумот претставува место каде што се лепат дел од сликичките кои се содржат во Бибот кесичката.
Албумот има три дела за лепење (Азбука, сложувалка и ликови од „Светот на Биби“).
Соберете 31 буква и 4 интерпункциски знаци, залепете ги на роботчињата и со нивна помош составувајте зборови и реченици. Додека ги собирате Биботчињата ќе ги учите буквите од нашата азбука!
Со овие мали роботчиња, учењето ќе биде забавно и интерактивно и ќе станете вистински Бибот колекционери!
Бибиверзум за најмалите (2)
2,250.00денОвој курс е наменет за најмалите од 3 до 4 години. Програмата има воспитни и образовни цели и вкупно ќе се одржат 8 часа. За повеќе информации пишете ни на edukacija@svetotnabibi.mk. Пред да уплатите пополнете ја формата подолу, нашиот тим ќе ве контактира за почетокот на наставата и термините.
Бибиверзум 4 (Активности за деца од ЧЕТВРТО одделение)
220.00денКнига со активности наменета за деца од ЧЕТВРТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на учениците од четврто одделение, со цел подобрување на концентрацијата, графомоторички вежби, математички вежби и одгатнување на загатки. Повторување на знаењата за именките, глаголите, придавките, синоними и антоними, аритмагони, крстозбори, кодирање и итн.
Бибиверзум 3 (Активности наменета за деца одТРЕТО одделение)
220.00денКнига со активности наменета за деца од ТРЕТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д – форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .
Бибиверзум 2 (Активности наменета за деца од ВТОРО одделение)
220.00денКнига со активности наменета за деца од ВТОРО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта
Бибиверзум 1 (Активности наменета за деца од ПРВО одделение)
220.00денАктивности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.
БЕКУТАН: Гел за дезинфекција
99.00денГелот Becutan за дезинфекција на рацете претставува хидроалкохолен раствор со докажано дејство против SARS-CoV-2, што е потврдено преку повеќе научни студии и докази за ефикасност. Содржи активна компонента етанол 70 % (v/v) и, покрај моќното вируцидно дејство, ефикасно уништува 99,9 % од бактериите што се среќаваат на кожата.
Алфеј (картонска сликовница)
290.00ден„Алфеј“ – првата омилена сликовница на вашето дете!
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Алфеј“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Алфеј“ .
Алфеј – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте го еднорогот Алфеј – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Алка – Светот на Биби
79.00ден„Алка – Светот на Биби“ е шармантен моден додаток инспириран од омилениот детски универзум на Биби и Боби. Дизајнирана со внимание кон деталите, оваа алка е совршена за секој мал фан што сака да носи дел од магијата на Светот на Биби со себе.
Алката има осум различни ликови од Светот на Биби.
Како практичен и стилски аксесоар, алката може да се комбинира со различни стајлинзи – од секојдневни до поинтересни изданија, а истовремено е одличен подарок што носи радост, боја и индивидуалност.
Албум со сликички „Сказните на Биби“
200.00денЗапочнете го вашето патување со Биби и Боби.
Овој албум не е само за собирање сликички, туку за доживување вистинска авантура!
Ќе треба да ги истражувате сите авантури на Биби и Боби и да ги соберете специјалните сликички што ќе ве водат низ светот на фантазијата!
Сите што ќе го пополнат албумот ќе добијаат незаборавен подарок – ПЕРСОНАЛИЗИРАНА СЛИКОВНИЦА.






