Производи
Прикажи 9 12 18

Боби – Кадифена кукла (25 см)

690.00ден
Запознајте го Боби – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

Бибот кутија

2,450.00ден
Бибот кутијата содржи 50 бибот кесички. "Секое Бибот пакетче е составено од : -1 робот -1 картичка со 5 самолепливи сликички (буква, два цртежа,лик, и сликичка за сложувалка) Собирањето на биботите ќе им овозможи на децата да се запознаат со буквите од македонската азбука! Овие иновативни роботи промовираат интерактивна и забавна средина за учење низ игра и развој. Со нив, учењето ќе биде забавно и интерактивно и ќе станете вистински Бибот колекционери! "

Бибот кесичка

Original price was: 49.00ден.Current price is: 25.00ден.
"Секое Бибот пакетче е составено од : -1 робот -1 картичка со 5 самолепливи сликички (буква, два цртежа,лик, и сликичка за сложувалка) Собирањето на биботите ќе им овозможи на децата да се запознаат со буквите од македонската азбука! Овие иновативни роботи промовираат интерактивна и забавна средина за учење низ игра и развој. Со нив, учењето ќе биде забавно и интерактивно и ќе станете вистински Бибот колекционери! "

Бибот албум

49.00ден
Бибот албумот претставува место каде што се лепат дел од сликичките кои се содржат во Бибот кесичката. Албумот има три дела за лепење (Азбука, сложувалка и ликови од „Светот на Биби“). Соберете 31 буква и 4 интерпункциски знаци, залепете ги на роботчињата и со нивна помош составувајте зборови и реченици. Додека ги собирате Биботчињата ќе ги учите буквите од нашата азбука! Со овие мали роботчиња, учењето ќе биде забавно и интерактивно и ќе станете вистински Бибот колекционери!

Бибиверзум за најмалите (2)

2,250.00ден
Овој курс е наменет за најмалите од 3 до 4 години. Програмата има воспитни и образовни цели и вкупно ќе се одржат 8 часа. За повеќе информации пишете ни на edukacija@svetotnabibi.mk. Пред да уплатите пополнете ја формата подолу, нашиот тим ќе ве контактира за почетокот на наставата и термините.

Бибиверзум 4 (Активности за деца од ЧЕТВРТО одделение)

Original price was: 220.00ден.Current price is: 176.00ден.
Книга со активности наменета за деца од ЧЕТВРТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на учениците од четврто одделение, со цел подобрување на концентрацијата, графомоторички вежби, математички вежби и одгатнување на загатки. Повторување на знаењата за именките, глаголите, придавките, синоними и антоними, аритмагони, крстозбори, кодирање и итн.

Бибиверзум 3 (Активности наменета за деца одТРЕТО одделение)

Original price was: 220.00ден.Current price is: 176.00ден.
Книга со активности наменета за деца од ТРЕТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д - форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .

Бибиверзум 2 (Активности наменета за деца од ВТОРО одделение)

Original price was: 220.00ден.Current price is: 176.00ден.
Книга со активности наменета за деца од ВТОРО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта

Бибиверзум 1 (Активности наменета за деца од ПРВО одделение)

Original price was: 220.00ден.Current price is: 176.00ден.
Активности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.

БЕКУТАН: Гел за дезинфекција

99.00ден
Гелот Becutan за дезинфекција на рацете претставува хидроалкохолен раствор со докажано дејство против SARS-CoV-2, што е потврдено преку повеќе научни студии и докази за ефикасност. Содржи активна компонента етанол 70 % (v/v) и, покрај моќното вируцидно дејство, ефикасно уништува 99,9 % од бактериите што се среќаваат на кожата.

Алфеј (картонска сликовница)

290.00ден

„Алфеј“ – првата омилена сликовница на вашето дете!

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Алфеј“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Алфеј“ .