Производи
Прикажи 9 12 18

Сложувалка со коцки – Боби и Даро

490.00ден

Сожувалката со 6 коцки и 6 слики „Боби и Даро“ нуди забавна и интерактивна игра за деца кои сакаат да истражуваат, комбинираат и создаваат. Со шарени мотиви на омилените ликови од Светот на Биби, секоја страна од коцките прикажува дел од различна слика, што ја прави играта предизвикувачка и креативна.

Оваа игра ја развива логиката, визуелното паметење, координацијата рака‑око и фините моторички вештини, додека децата редат коцки за да создадат весели сцени и приказни. Идеална е за секојдневна игра, учење и развој на креативноста!

Сложувалките со коцки за деца се едукативни играчки кои помагаат во развојот на различни вештини преку игра. Тие се наменети за деца од околу 1 до 6 години, во зависност од големината и сложеноста на коцките.

Придобивки:

  • Го поттикнуваат развојот на фина моторика и координација рака-око.

  • Ја подобруваат концентрацијата и логичкото размислување.

  • Помагаат во учење на форми, бои и големини.

  • Го развиваат креативното и просторното размислување.

Со нив децата учат преку експериментирање, градење и рушење, што е природен и забавен начин за стекнување нови знаења.

Сложувалките на Биби (6 сложувалки)

490.00ден

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“!

Секоја сложувалка прикажува поинаква сцена со омилените ликови како Биби, Филимена, Деси, Алфеј, Зази и мачето, што го прави овој сет разновиден и интересен за најмалите.

Овој сет помага на децата да ја развиваат:

  • логиката и концентрацијата

  • решавање проблеми на креативен начин

  • памет и внимание

  • фина моторика и координација

  • упорност и трпение при составување на секоја сложувалка

Сложувалките се совршени за свакојдневна игра, учење и развој на вештини, додека децата уживаат во создавање весели сцени и приказни од магичниот свет на Биби

Сложувалките на Боби (6 сложувалки)

490.00ден

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“! Секоја сложувалка прикажува поинаква сцена со омилените ликови како Боби, Жижи, Зина, Даро, Бу и мајката Змеј. , што го прави овој сет разновиден и интересен за најмалите.

Овој сет помага на децата да ја развиваат:

  • логиката и концентрацијата

  • решавање проблеми на креативен начин

  • памет и внимание

  • фина моторика и координација

  • упорност и трпение при составување на секоја сложувалка

Сложувалките се совршени за свакојдневна игра, учење и развој на вештини, додека децата уживаат во создавање весели сцени и приказни од магичниот свет на Биби

Снежната кралица (премиум издание)

360.00ден

„Биби и Боби – Снежната кралица“

Биби и Боби тргнуваат на магична зимска авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица која  е многу убава, но нејзиното срце е направено од коцка мраз.  Заедно ќе се соочат со зимски предизвици, ќе доживеат неверојатни моменти полни со магија, и низ секоја пресвртница ќе откријат дека пријателството и храброста се најсилната моќ.

-Возбудлива и инспиративна приказна за деца
- Ги поттикнува имагинацијата и љубовта кон читањето
- Перфектна за заедничко читање со најблиските

Оваа книга е идеален подарок што носи радост, магија и важни вредности во секој детски ден!

Снежни активности

99.00ден

„Снежни активности“ е забавна и креативна книга исполнета со зимска магија и игриви предизвици. Преку лавиринти, боење, поврзување точки, решавање задачи и интересни игри, децата уживаат во снежни авантури додека ги развиваат вниманието, логиката и фината моторика.

Секоја страница носи нова зимска приказна и поттикнува радост, имагинација и учење преку игра – совршено дружење во студените денови.

Со Жижи нема грижи

Original price was: 800.00ден.Current price is: 590.00ден.

Пакет  Со Жижи нема грижи
1. Кадифена кукла Жижи
2. Карти Жижи
3.  3 парчиња  солени стапчиња Жижи

Пакет полн со игра и забава за целото семејство!
Жижи носи смеа, дружење и интересни моменти преку игра со карти и вкусни грицки !!!!

- 590 денари
-Заштеда: 26.25%

🌐 Пакет „Со Жижи нема грижи“

━━━━━━━━━━━

🎀 Ограничена понуда – изберете го вашиот омилен пакет и внесете уште повеќе радост во детските денови!

Стикери (Laser cut)

99.00ден
Додајте магичен детаљ на вашиот свет со стикери „Светот на Биби“ – laser‑cut! Овие висококвалитетни декоративни налепници со изразени форми и шарени дизајни ја красат секоја површина — тетратки, предмети, ѕидови или книги. Совршени за креативна игра, декорација и персонализација на детски простори и предмети, тие внесуваат дополнителна радост и индивидуалност во секој момент.

Столче Биби

890.00ден

Создадете му на вашето дете свое омилено катче за игра, одмор или авантури на отворено со новото детско  столче од Светот на Биби.

Со весел дизајн украсен со омилените ликови Биби и Боби, ова столче е идеален придружник за пикник, плажа, кампување, двор, тераса или семејни излети. Благодарение на лесната метална конструкција и практичниот преклопен механизам, лесно се носи и складира, па секогаш е подготвено за нови детски авантури.

Удобното седиште и потпирачите за раце обезбедуваат пријатно седење, додека веселите бои ќе внесат насмевка во секој детски ден.

Карактеристики:

  • Преклопен дизајн – лесно се отвора и затвора.
  • Цврста метална конструкција.
  • Лесно и практично за носење.
  • Удобни потпирачи за раце.
  • Идеално за плажа, двор, кампување, пикник и патувања.
  • Ексклузивен дизајн со ликовите од Светот на Биби.

Нека секоја пауза за одмор биде уште повесела со Биби и Боби! ☀️

Столче Биби и Боби

890.00ден

Создадете му на вашето дете свое омилено катче за игра, одмор или авантури на отворено со новото детско преклопно столче од Светот на Биби.

Со весел дизајн украсен со омилените ликови Биби и Боби, ова столче е идеален придружник за пикник, плажа, кампување, двор, тераса или семејни излети. Благодарение на лесната метална конструкција и практичниот преклопен механизам, лесно се носи и складира, па секогаш е подготвено за нови детски авантури.

Удобното седиште и потпирачите за раце обезбедуваат пријатно седење, додека веселите бои ќе внесат насмевка во секој детски ден.

Карактеристики:

  • Преклопен дизајн – лесно се отвора и затвора.
  • Цврста метална конструкција.
  • Лесно и практично за носење.
  • Удобни потпирачи за раце.
  • Идеално за плажа, двор, кампување, пикник и патувања.
  • Ексклузивен дизајн со ликовите од Светот на Биби.

Нека секоја пауза за одмор биде уште повесела со Биби и Боби! ☀️

СУПЕР ДРУГАРЧИЊА (премиум издание)

390.00ден

Оваа шарена и инспиративна книга ги запознава децата со супер другарчињата и ја покажува важноста на прифаќање на различностите и инклузија во општеството. Преку забавни приказни и ликови што ги сакаат децата, книгата учи на пријателство, емпатија и разбирање на светот околу нив.

✔ Поттикнува љубопитност, емпатија и социјални вредности
✔ Совршена за деца до 7 години
✔ Одличен подарок што ги учи децата да бидат добри другари и да прифаќаат различности

✨ Радост, учење и важни животни лекции – сето тоа во една шарена книга што ќе го сакаат децата и родителите.

Тајната на пештерата

200.00ден

Биби и Боби го поминуваат зимскиот распуст на планина – скијаат, се санкаат и уживаат во снегот. ❄️

Но, кога ќе откријат скриена пештера под снегот, започнува нивната неверојатна авантура. Внатре се наоѓа таинствениот град Мразилово, каде ги чекаат необични жители, но и некои стари пријатели.

Прочитајте ја оваа магична зимска приказна за пријателство, храброст и откривање на тајни кои се криеја целиот зимски период!