Производи
Прикажи 9 12 18

Диви животни (картонска сликовница)

290.00ден
Диви животни (картонска сликовница)“ е весела и шарена картонска книга од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку јасни и привлечни илустрации, најмалите учат за различни диви животни од различни краеви на светот, ги препознаваат нивните облици и имена и ја развиваат љубовта кон природата и живиот свет.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Добре дојдовте првачиња

99.00ден
„Добре дојдовте првачиња“ е посебно издание кое го одбележува важниот момент на започнување на училишното патување. Со оваа книга, вашите првачиња ќе се запознаат со училиштето, наставниците и учењето преку забавни и едукативни содржини, водени од омилените ликови на Биби и Боби. Совршено за првиот школски ден!

Дополни го албумот „Светот на Биби“

0.00ден
Изберете кои сликички ви недостасуваат. Цена на една сликичка е 20 мкд.

Друштвена игра ШТО СУМ ЈАС?

690.00ден
Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта! Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција! ако се игра „Што сум јас?“ Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии. Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад. Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби. Помош: секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред. Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

Друштвена игра: „БУУУ“

690.00ден

Започни забава полна со стратегија и тимска соработка со играта „БУУУ“!

Тимот играчи со заеднички потфати мора да стигне до замокот на Бу пред лошата вештерка и да ѝ го спречи маѓепсувањето.

Играта содржи 5 жетони со ликови и 52 картички за движење – за динамични потези, неверојатни пресврти и возбудлива забава за целото семејство.

Играта завршува кога сите ликови ќе стигнат до замокот.

Доколку вештерката стигне прва, таа е победник.

Друштвена игра: БИНГО СО БУКВИ

590.00ден
Забавна и едукативна друштвена игра за деца со која учењето на буквите станува лесно и забавно! Секоја буква е претставена со слика, а играта развива внимание, меморија и препознавање, идеална за семејство, градинка или игра со другарчиња. Погодна за деца од 4+ години – совршена комбинација на игра и учење!

Друштвена игра: ИГРА НА ЗНАЕЊЕ

690.00ден

Откријте ја „Игра на знаења“ – првата македонска фамилијарна игра од Светот на Биби што носи забава и учење за целото семејство!

Играте со коцка, 60 карти и фигури на омилените ликови Биби, Боби, Зази и самовилата Луна, додека одговарате на прашања и извршувате забавни активности!

Играта развива логичко размислување, комуникација и тимска соработка — совршена за семејни вечери или дружби!

Друштвена игра: ФАРМА – 4 во 1 забавни игри

890.00ден

Откријте го светот на фармата со Фарма – друштвена игра со Биби и Боби! Овој едукативен сет комбинира четири игри во едно: Меморија, Домино, Карти и Сложувалка, идеален за деца од 3 години нагоре.

  • Меморија – развива концентрација и визуелно паметење

  • Домино – учи препознавање слики и логичко поврзување

  • Карти – поттикнува внимание, брзо размислување и социјална интеракција

  • Сложувалка (пазл) – ја развива фината моторика и координацијата рака‑око

Развојни придобивки: Поттикнува концентрација, логика, меморија, тимски дух, комуникација, стрпение и прецизност.

Играта е совршена комбинација на забава и учење – децата низ игра го откриваат светот на фармата, животните и природата, додека ги развиваат моторичките и когнитивните способности.

Ежето Боцко

200.00ден

Еден сончев ден Биби, Боби и жителите на Волшебната шума играат фудбал. Малку се натпреваруваат, малку се расправаат, а потоа – силен шут ја испраќа топката далеку од нивните погледи. Во потрага по неа, тргнуваат низ шумата и откриваат нешто неочекувано.

Таму го запознаваат Ежето Боцко – ново другарче што знае сè за фудбалот, но поради своите боцки не може да игра како другите. Дали тимот ќе пронајде начин сите да бидат вклучени во играта? Оваа топла приказна нè учи дека секој има свој талент и дека вистинското пријателство секогаш наоѓа решение

.

Жижи – Кадифена кукла

590.00ден
Запознајте ја   жирафата Жижи – мека кадифена играчка од светот на Биби! Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден. Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти

ЗА БАБА (боенка, честитка)

99.00ден

За баба“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обојат и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата баба на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и баба, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.

ЗА МАМА (боенка, честитка)

99.00ден

За мама“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обојат и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата мајка на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и мајка, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.