Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Диви животни (картонска сликовница)

290.00ден
Диви животни (картонска сликовница)“ е весела и шарена картонска книга од Светот на Биби наменета за најмалите деца. Преку јасни и привлечни илустрации, најмалите учат за различни диви животни од различни краеви на светот, ги препознаваат нивните облици и имена и ја развиваат љубовта кон природата и живиот свет.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Добре дојдовте првачиња

99.00ден
„Добре дојдовте првачиња“ е посебно издание кое го одбележува важниот момент на започнување на училишното патување. Со оваа книга, вашите првачиња ќе се запознаат со училиштето, наставниците и учењето преку забавни и едукативни содржини, водени од омилените ликови на Биби и Боби. Совршено за првиот школски ден!

Ежето Боцко

200.00ден

Еден сончев ден Биби, Боби и жителите на Волшебната шума играат фудбал. Малку се натпреваруваат, малку се расправаат, а потоа – силен шут ја испраќа топката далеку од нивните погледи. Во потрага по неа, тргнуваат низ шумата и откриваат нешто неочекувано.

Таму го запознаваат Ежето Боцко – ново другарче што знае сè за фудбалот, но поради своите боцки не може да игра како другите. Дали тимот ќе пронајде начин сите да бидат вклучени во играта? Оваа топла приказна нè учи дека секој има свој талент и дека вистинското пријателство секогаш наоѓа решение

.

ЗА БАБА (боенка, честитка)

99.00ден

За баба“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обојат и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата баба на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и баба, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.

ЗА МАМА (боенка, честитка)

99.00ден

За мама“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обојат и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата мајка на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и мајка, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.

ЗА ТЕТА (боенка, честитка)

99.00ден

За мама“ е посебен сет од 6 уникатни картички – боенки и честитки дизајнирани како подарок за мајки. Секоја картичка содржи различна активност што децата можат да ја обоја и персонализираат, создавајќи вредни спомени и изразувајќи љубов кон својата тетка на креативен начин.

Овие картички се прекрасен начин да се прослави врската помеѓу дете и  тетката, истовремено поттикнувајќи ја детската креативност и радоста од боењето.

Забавата на Златко Хаџи Зајков

200.00ден
Запознајте го Златко Хаџи Зајков – весело зајаче со големо срце и уште поголема желба да приреди незаборавна забава во шумата! Во оваа шарена приказна од Светот на Биби, децата ќе ја следат неговата подготовка, дружењето со пријателите и радоста што се создава кога сите се заедно. Сликовницата носи порака за пријателството, споделувањето и убавината на заедничките моменти.

Зази (картонска сликовница за најмалите)

290.00ден

„Зази“ – првата омилена сликовница на вашето дете!

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Зази“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Зази“ од Svetotnabibi.mk.

Зазулски активности

79.00ден

„Зазулски активности“ е весела и динамична книга исполнета со разиграни задачи, креативни предизвици и многу забава. Преку боење, поврзување, лавиринти, пронаоѓање разлики и логички игри, децата учат и се развиваат додека уживаат во секоја страница.

Книгата ја поттикнува креативноста, концентрацијата и самостојното размислување, претворајќи ја секоја активност во радосно и инспиративно искуство.

Звуците на Новата година + карти „Меморија“

350.00ден

„Звучите на Новата година + карти „Меморија“ – сет што комбинира читање и игра!

Овој уникатен сет содржи:
- Сликовница „Звучите на Новата година“ – забавна и неконвенционална приказна со омилените ликови како Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз и роботчето R1, кои заедно тргнуваат да ја спасат целата музика во универзумот, поради чудните „испревртени“ звуци и мелодии што се случуваат околу Нова година.

-Дополнителни карти „Меморија“ – игра меморија со главните ликови од приказната, што ги развива концентрацијата, памтењето и забавата додека се игра со семејството или пријателите.

- Ова е идеален подарок што ги поврзува читањето, учењето и играта во едно, поттикнува креативност, зборување и интеракција со децата – совршено за празнична атмосфера!

Звучна азбука со Биби и Боби

890.00ден

„Звучна азбука со Биби и Боби“ е интерактивно едукативно издание што им помага на децата брзо и лесно да ги научат буквите на македонската азбука заедно со омилените херои Биби и Боби. Книгата комбинира слушање на звучни сигнали со визуелни и тактилни елементи за поефективно учење и запомнување. Производот нуди:

-Звучни функции: Секој звук ја претставува правилната изговорена буква, што му помага на детето да ја поврзе буквата со нејзиниот звук.
-Илустрации со Биби и Боби: Секоја буква има забавни и шарени слики, што ги мотивира децата да учат додека се забавуваат.
-Интерактивно искуство: Сепак, производот е замислен да биде повеќе од книга — тоа е алатка што ги буди слушните, визуелните и моторичките вештини на детето.
-Учество на сите сетила: Комбинацијата на звук и визуелен материјал помага за подобро разбирање и подлабоко запомнување на буквите.

Ова издание е одлично за деца што почнуваат да ги учат буквите, за развивање фонолошка свесност и за подготвка за читање и пишување, преку игра и интеракција со омилените ликови.

Зеленчук (картонска сликовница за најмалите)

290.00ден
Најмалите уживаат во книги кои имаат ритам, рима и повторување. Кои книги се соодветни за нив? - Книги со едноставни и светли бои или контрасни слики бидејќи на тој начин може полесно да се фокусираат; - Книги со различна текстура; - Книги со слики од деца; - Меки, водоотпорни, картонски или платнени книги; - Книги за храна, транспорт, животни; - Книги што имаат илустрации од едноставни предмети/објекти Весела, картонска сликовница наменета за најмалите дечиња преку која ќе ги научат првите поими.