Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Зимска вселенска бајка

200.00ден
Биби и Боби забележаа дека Зази е многу тажен – му недостигаат  неговите другарчиња... Биби, Боби и Зази тргнуваат во несекојдневна авантура низ целата вселена за да стигнат навреме на новогодишната прослава на планетата Заз. Но дали ќе успеат?
На патот се случуваат интересни и неочекувани авантури....

Зина (картонска сликовница)

290.00ден

„Зина“ – првата омилена сликовница на вашето дете!

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Зина“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Зина“ .

Карантинските хроники на Тхе Мичо

Original price was: 300.00ден.Current price is: 240.00ден.

Карантински хроники“ е книга од едицијата Светот на Биби што се фокусира на искуства, емоции и секојдневни случувања на Биби и Боби додека се соочуваат со периодот на карантин. Преку забавни и топли приказни, најмалите читатели може да ги следат нивните мисли, чувства и начини на справување со новиот режим на живот – како играње дома, учење од далечина, грижа едни за други и пронаоѓање креативни авантури во ограничени услови.

Книгата помага на децата да ги разберат сопствените емоции и предизвици поврзани со карантинот, ја развива нивната емпатија и им дава чувство на сигурност преку препознавање на слични ситуации во животот на омилените ликови.

Ова се само дел од досетливите и полни со хумор илустрации на Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, кои произлегоа од светската пандемија на Ковид-19, карантинот, дисциплинираното #седетедома и полициските часови. Како се олабавуваа мерките, така Мичо секојдневно си ја завршуваше зададената задача и постираше по една илустрација од секојдневието. Сите илустрации, вкупно 82, собрани во едно издание под наслов Quarantine chronicles („Карантински хроники“)

Картонска сликовница ПРЕГРАТКИ

300.00ден
„Прегратки“ е сликовница која нè потсетува дека децата никогаш не се преголеми за нежност. Таа е важен патоказ за емоционалниот развој, која ги претвора миговите на близина во трајни спомени на љубов и сигурност. Преку оваа сликовница, најмладите учат дека прегратката е најубавиот гест за споделување на радоста и најсилниот извор на храброст при секој нов предизвик во растењето.

Картонски сликовници за најмалите 2+1 + гратис стикери

Original price was: 969.00ден.Current price is: 570.00ден.

Саем на книга – најубави почетоци за најмалите!

По повод саемот, подготвивме специјална онлајн акција за дечиња од 0–3 години:

 Картонски сликовници 2+1 ГРАТИС! Купете 2 сликовници, а третата ја добивате ПОДАРОК!

 Цврсти, безбедни и совршени за мали рачиња – идеални за првите допири со книгата и развој на љубовта кон читањето 💕

 ПЛУС: со секоја нарачка добивате laser cut стикери како подарок!

 Понудата важи ограничено – искористете ја саемската магија навреме!

Напомена: Во пораката наведете ги сликовниците што сакате да ги нарачате.
  1. Зази
  2. Зина
  3. Алфеј
  4. Роботчето Р1

КНИГА НА ЗНАЕЊА

Original price was: 590.00ден.Current price is: 472.00ден.

„Книга на знаења“ – едукативна книга за деца

Оваа книга со знаења е полна со забавни и поучни содржини што им помагаат на децата да го разберат светот околу себе. Преку едноставни објаснувања и примери, книгата ги запознава со основни поими како: горе и долу, лево и десно, блиску и далеку, големо и мало, долга и кратка, но и со природата, годишните времиња, месеците во годината, човечкото тело, растенијата и животните.

-Зошто е супер за учење:
✔ Развија логичко размислување и просторна ориентација
✔ Го проширува општото знаење за светот околу децата
✔ Идеална за деца во развој, со содржина што им е лесно разбирлива и забавна

- Книгата има 66 страници, тврда корица и е во голем формат што овозможува пријатно читање и истражување.

Кражба во музејот

200.00ден
Убав сончев ден, Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминувајќи покрај природонаучниот музеј, одеднаш се слуша силен аларм! Од музејот истрчуваат три зазулчиња, а едно од нив држи мал камен – метеор! По нив трча чуварот на музејот, а Биби и Боби остануваат во шок. Што ли украле овие зазулчиња и како ќе се реши мистеријата? Придружете им се на храбрите другарчиња во возбудлива авантура полна со тајни, смеа и непредвидливи моменти!

Крокодилчето Локо

200.00ден
Биби и Боби запознаваат ново другарче – Крокодилчето Локо, кое има своја магична лабораторија каде создава неверојатни играчки. Заедно со Локо ќе доживеат забавни авантури полни со магија, креативни изуми и многу насмевки, додека децата преку приказната учат за соработка, фантазија и создавање нови нешта.

Кучето Куки

200.00ден

Тоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.

Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?

Лавот што не сакаше да биде крал

200.00ден
Животните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал. 
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.

Леле каков гостин

200.00ден

Едно многу палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е пресреќна и едвај чека заедно со Боби да му покаже што прави кога е  дома!

Но, гостинот е вистински немирко – трча, растура и никако да ги слуша правилата! Звучи познато? Секако – тоа е нашето разиграно диносаурусче Даро! Јееј!

Подгответе се за смеење, забавни ситуации и многу палави моменти во оваа весела сликовница од серијалот Светот на Биби!

Лео (картонска сликовница за најмалите)

Original price was: 290.00ден.Current price is: 232.00ден.

„Лео“ – првата омилена сликовница на вашето дете!

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Лео“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите

Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Лео“ од Svetotnabibi.mk.