Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Магазин за деца и родители „Биби и Боби“

Original price was: 200.00ден.Current price is: 100.00ден.
Овој магазин е вистинска ризница на знаење, забава и креативност. Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување - специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј! Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!

Магичниот тапан

200.00ден
Биби и Боби, заедно со Фи и Бу, тргнуваат во возбудлива пролетна авантура исполнета со магија и храброст. Кога лоша вештерка ја заробува пролетта и го покрива прекрасниот Галичник со студ и тага, нивниот тим добива важна мисија – да ја разбуди природата со помош на Магичниот тапан. Дали заедништвото, храброста и силата на пријателството ќе бидат доволни за да ја победат вештерката и да ја вратат пролетта во Галичник?

Мајстор за снежни лудории

200.00ден
Биби, Боби и нивниот другар — снешкото ГОГО — тргнуваат на прекрасна, волшебна снежна авантура полна со фантастични игри и лудории. 
Заедно ќе откријат што значи да се забавуваш во снегот, како да создаваш магични моменти и ќе учат за пријателството, смеата и радоста што ја носи зимата.

Малата вештерка

200.00ден
Вештерката се врати во волшебната шума, но овој пат не е сама – има и помошничка, мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија. 
Заедно ќе доживеат смешни и магични моменти, учејќи дека пријателството и добрата намера се најсилната магија од сите.

Медената авантура на Биби и Боби

200.00ден
Во Волшебната шума се вселуваат нови жители – Медо Штедо и Медена.
Биби и Боби ги посетуваат и добиваат корисни совети како да штедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели, да не ги троши сите пари на слатки задоволства и непотребни играчки, и заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи.

Меѓупланетарна брканица

200.00ден
Биби, Боби, зазулчињата и Р1 летаа низ порталот. Каде ли ќе стигнат?
Оооооо... Уууууу... Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш – бум! – тие се најдоа на огромна пустинска планета со црвен песок и чудни летала што пролетаа над нив.
– Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина... – се прашуваше Биби, кога од далечината започна вистинска меѓупланетарна брканица!

Месечина

Original price was: 390.00ден.Current price is: 312.00ден.

Оваа шарена и магична книга ја следи авантурата на Боби кога во темната ноќ, по гаснењето на светлото, забележува сенка во својата соба и се запрашува како Месечината светли и создава сенки дури и ноќе. Преку забавна и лесно разбирлива приказна, децата ќе учат за небеското светло, сенките и природните појави, додека ги следат омилените ликови на Биби и Боби.

- Идеална за развој на љубопитност и учење за природата
- Забавна и поучна вечерна приказна
- Прилагодена за деца кои сакаат да истражуваат „зошто“ прашања

Можам да читам! Во градината на Биби и Боби

49.00ден

Оваа книга е специјално дизајнирана за деца што прават први чекори во читањето, со едноставни реченици и познати поими што им помагаат да ја развијат самодовербата и радоста од читањето.

Во ова издание, Биби и Боби ги водат децата низ приказните и активностите во градината, каде што учат, играат и откриваат нови работи за секојдневниот живот.

Зошто е одлична за деца:
- Јасен и лесен текст за почетно читање
- Теми блиски до светот на детето
- Поттикнува љубов кон книгите и самостојно читање

Перфектна за училиштe или дома, оваа книга е одличен придружник на првите чекори на детето во светот на читањето.

Можам да читам! Здраво… и добра ноќ

49.00ден

Оваа забавна и едукативна книга е создадена да им помогне на децата да започнат со читањето на едноставни реченици преку две омилени теми: здраво (секоdневни ситуации) и добра ноќ (вечерни ритуали).

Што ја прави посебна:
- Текстови прилагодени за деца што започнуваат да читаат
- Јасни, кратки реченици и познати поими
- Поттикнува самодоверба и љубов кон читањето
- Одлична за заедничко читање со родителите или самостојно учење

Ова е идеална книга за деца кои прават первите чекори во читањето, со теми што им се блиски и интересни, што ќе ги мотивира да развиваат вештини и љубов кон книгите.

МОИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА

390.00ден

„Моите омилени места“ – книга

Запознај го светот низ очите на еден истражувач! Оваа книга ги претставува најубавите места во Македонија, од омилениот роден град Скопје до неговата околина и целиот прекрасен македонски пејзаж.

- Поттикнува љубопитност и откривање на околината
- Идеална за учење за природата, градовите и културното наследство
- Совршена за мали авантуристи и семејни активности

Радост, знаење и инспирација за патувања низ Македонија – во една шарена и интерактивна книга!

Моите омилени места (Книга + Карти меморија)

Original price was: 490.00ден.Current price is: 392.00ден.

„Моите омилени места“ – книга + планер за патување

Запознај го светот низ очите на еден истражувач! Оваа книга ги претставува најубавите места во Македонија, од омилениот роден град Скопје до неговата околина и целиот прекрасен македонски пејзаж. Со планер за патување, децата можат да бележат свои авантури, да учат за културата и природата и да развиваат љубов кон истражувањето. 🇲🇰

- Поттикнува љубопитност и откривање на околината
- Идеална за учење за природата, градовите и културното наследство
- Совршена за мали авантуристи и семејни активности

 Радост, знаење и инспирација за патувања низ Македонија – во една шарена и интерактивна книга!

Моите први 100 зборчиња (картонска сликовница за најмалите)

360.00ден
„Моите први 100 зборчиња“ е весела и шарена картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите дечиња. Преку едноставни, привлечно илустрирани поими од секојдневието, децата ги запознаваат и учат своите први 100 зборови на лесен и природен начин. Книгата има 24 страници и е димензионирана така што е лесна за држење со мали рачиња, што ја прави идеална за најрана фаза на детско истражување, развој на јазик и проширување на вокабуларот.

Книгата е дизајнирана така што е лесна за држење со мали рачиња и содржи шарени илустрации што го привлекуваат детското внимание, истовремено поттикнувајќи љубопитност и љубов кон читањето уште од најрана возраст.

Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.

✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите