Печатени изданија
Прикажи 9 12 18

Новогодишна боенка 2024

99.00ден
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.

Овошје и зеленчук (Активности со 90+ стикери)

200.00ден

„Овошје и зеленчук – Активности со 90+ стикери“ е едукативна и забавна книга што ги запознава децата со светот на здравата храна преку игра и креативни задачи. Преку лепење на повеќе од 90 шарени стикери, боење, поврзување и препознавање, децата учат да разликуваат овошје од зеленчук, ги откриваат нивните бои, форми и придобивки и развиваат здрави навики од најмала возраст.

Книгата поттикнува љубопитност, фина моторика и основни когнитивни вештини, претворајќи го учењето во вкусна и весела авантура.

Очилата на бувот Илин

200.00ден

Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин! 
Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ?

Во Волшебната шума расте немир – животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби тргнуваат да помогнат, но откриваат дека можеби планот на мрзливецот е токму решението што го бараат.

Дознајте како пријателството, храброста и малку креативност можат да ги спасат очилата и да донесат мир и среќа во шумата!

Питоми животни (картонска сликовница за најмалите)

290.00ден

Питоми животни“ е весела и шарена картонска сликовница од Светот на Биби наменета за најмалите дечиња. Преку илустрации на животни што ги среќаваме во домот и на фарма – како кучиња, мачки, крави, овци и други питомни животни – децата ги учат имињата, изгледот и навиките на овие пријателски суштества.

Клучни карактеристики:
Прилагодена за најмали деца – цврсти страници и едноставни сцени што ги привлекуваат вниманието.
Учење низ игра – децата учат за животните преку гледање и именување.
Кога илустрациите оживуваат – книгата ја поттикнува љубопитноста и желбата за нови информации.

Ова издание е идеално како прва книга за животни, што ги развива основните познавања за природата и светот околу нас.

Пишуванка „Светот на Биби“

Original price was: 190.00ден.Current price is: 152.00ден.

Оваа специјално подготвена пишуванка е наменета да им помогне на децата да вежбаат и усовршуваат пишување на зборовите што веќе ги знаат од приказните и содржините на „Светот на Биби“. Преку примери и активности, децата прво ќе пишуваат заедно со водичот, а подоцна ќе се осамостојат и ќе ја градат својата доверба во пишувањето сами.

Што добива детето:
- Лесно и забавно учење пишување со зборови од „Светот на Биби“
- Вежби што развиваат графомоторички вештини
- Самостојност во пишувањето и самодоверба

Подароци од планетата Заз

200.00ден
Дедо Мраз од планетата Заз тргнува кон Земјата, не знаејќи дека го демнат лошите пирати, што носи возбудливи случки и предизвици за Биби, Боби и другарите додека се обидуваат да ја спасат новогодишната мисија

Поезија и карате

200.00ден
Што се случува кога ќе се спојат две древни јапонски вештини – карате и хаику поезијата? Во оваа инспиративна сликовница, децата откриваат дека вистинската сила не се крие само во ударот, туку и во зборот. Преку дисциплината на карате и тивката мудрост на хаику стиховите, секој мал каратист учи дека рамнотежата меѓу телото и духот е најголемата победа. Дали храброста може да биде нежна, а поезијата силна?

Последната светулка

200.00ден
Биби и Боби се запознаа со ново другарче - Луми, кој мисли дека е последната светулка на светот! Ќе можат ли Биби, Боби и нивниот пријател облакот Бени да направат нешто за Луми да затрепка во сиот свој сјај?