Сликовници "Сказните на Биби"
Прикажи 9 12 18

Абра кабра – Каде е црното маче?

200.00ден
О не! Каде исчезна малото маче? Со едно „абра-кабра“ како да испари без трага! Филимена е збунета и загрижена, но Биби и Боби веднаш тргнуваат во потрага. Дали станува збор за вистинска магија или пак за мала, разиграна авантура? Подгответе се за забавна и мистериозна приказна полна со изненадувања и другарство во сликовницата „Абра-кабра-каче“ од серијата Светот на Биби!

Биби и Боби во езерските длабочини

200.00денПарче
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако - да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!

Биби и Боби во пустината Тоби

200.00ден

Биби и Боби тргнуваат во возбудлива авантура низ големата пустина Тоби, јавајќи камили и истражувајќи ги величествените пирамиди. Но, палавиот Боби не може без малку бељи!

Токму кога љубопитноста ќе го однесе предалеку… упс! Од никаде се појавува џиновска шепа! Чија е таа и што ќе се случи понатаму?

Откријте во оваа возбудлива сликовница за пријателство, храброст и изненадувања од серијалот Светот на Биби!

Биби и Боби во Снешковград

200.00ден

Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за да ја прослават Новата година, но градот е пуст и тивок. 
Зошто никој не ја прославува? Заедно со новите пријатели, тие ќе откријат што се случува, доживувајќи возбудливи и непредвидливи новогодишни авантури.

Биби и животните

200.00ден
Биби оди на прошетка во волшебната шума во посета на своите пријатели – животните, но таму ќе се соочи со ловец што дојде со лоши намери и поставува опасна стапица. 
Приказната низ смешни и возбудливи ситуации покажува како Биби ја штити шумата и животните, додека децата учат за правилното однесување во природа и важноста на грижа за животните.

Биби и џиновите

200.00ден
Биби се запознава со големи и забавни џинови во нивната џиновска пештера, каде тие се соочуваат со голем проблем.
Нашата хероина ќе им помогне и ќе ги научи дека перењето, чистењето, раскревањето и грижата за личната хигиена се важни активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на возраст или пол.
Сликовницата е полна со смешни и интерактивни моменти, забавни активности и игри, кои ќе им помогнат на децата да учат преку забава.

Биби, Боби и змејот

200.00ден

Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар?

Биби и Боби, иако најдобри другари, не можат да се согласат околу многу работи – особено околу тоа какви се змејовите во сказните. Дури започнуваат и да се караат!

Сè додека заедно не решаваат да раскажат една волшебна, прекрасна и возбудлива сказна, полна со пријателство, храброст и магија.

Биби, Боби и куќичката од чоколадо

200.00ден

Биби и Боби тргнуваат на возбудлива прошетка низ Волшебната шума и откриваат нешто многу вкусно – куќичка од чоколадо!

Преку нивната авантура, нашите другарчиња учат важни лекции: да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно и да бидеме умерени. „Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате,“ вели Биби, откако Боби ќе се најде во непријатна ситуација.

Сликовницата е полна со забавни активности и учи дека пријателството и правилното однесување секогаш носат најубави резултати.

Биби, Боби и непослушното јајце

200.00ден
Биби и Боби се впуштаат во нова авантура како вистински другари, за да му помогнат на едно мало палаво јајце. 
Приказната учи дека треба да се биде внимателен и да се слушаат повозрасните и поискусните, додека децата се забавуваат и учат важни лекции за грижа и одговорност.

Биби, Боби и Снежната кралица

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на магична авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица. 
Заедно ќе се соочат со зимски предизвици, ќе доживеат неверојатни моменти полни со магија и ќе откријат дека пријателството и храброста се најсилната моќ.

Биби, Боби и чудесниот бисер

200.00ден
Убав сончев ден во волшебната шума, Деси се игра со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце, кога од длабочините наоѓа голем и преубав бисер во џиновска школка. 
Но, кога Деси сака да го зачува само за себе, сè се смрачува и во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, Биби и Боби се тука за да помогнат и да ја вратат магијата.

Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на летна авантура на брегот на Охридско Езеро, каде ја запознаваат новата другарка Деси.
Заедно откриваат нови начини за забавување, учат како да се справат со стравот и како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото. Волшебната шумичка добива уште еден жител, а игрите стануваат уште позабавни.
Сликовницата е полна со забавни активности кои ќе ги вклучат децата во магичниот свет на пријателството и авантурите.