Сликовници "Сказните на Биби"
Прикажи 9 12 18

Лавот што не сакаше да биде крал

200.00ден
Животните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал. 
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.

Леле каков гостин

200.00ден

Едно многу палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е пресреќна и едвај чека заедно со Боби да му покаже што прави кога е  дома!

Но, гостинот е вистински немирко – трча, растура и никако да ги слуша правилата! Звучи познато? Секако – тоа е нашето разиграно диносаурусче Даро! Јееј!

Подгответе се за смеење, забавни ситуации и многу палави моменти во оваа весела сликовница од серијалот Светот на Биби!

Магичниот тапан

200.00ден
Биби и Боби, заедно со Фи и Бу, тргнуваат во возбудлива пролетна авантура исполнета со магија и храброст. Кога лоша вештерка ја заробува пролетта и го покрива прекрасниот Галичник со студ и тага, нивниот тим добива важна мисија – да ја разбуди природата со помош на Магичниот тапан. Дали заедништвото, храброста и силата на пријателството ќе бидат доволни за да ја победат вештерката и да ја вратат пролетта во Галичник?

Мајстор за снежни лудории

200.00ден
Биби, Боби и нивниот другар — снешкото ГОГО — тргнуваат на прекрасна, волшебна снежна авантура полна со фантастични игри и лудории. 
Заедно ќе откријат што значи да се забавуваш во снегот, како да создаваш магични моменти и ќе учат за пријателството, смеата и радоста што ја носи зимата.

Малата вештерка

200.00ден
Вештерката се врати во волшебната шума, но овој пат не е сама – има и помошничка, мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија. 
Заедно ќе доживеат смешни и магични моменти, учејќи дека пријателството и добрата намера се најсилната магија од сите.

Медената авантура на Биби и Боби

200.00ден
Во Волшебната шума се вселуваат нови жители – Медо Штедо и Медена.
Биби и Боби ги посетуваат и добиваат корисни совети како да штедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели, да не ги троши сите пари на слатки задоволства и непотребни играчки, и заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи.

Меѓупланетарна брканица

200.00ден
Биби, Боби, зазулчињата и Р1 летаа низ порталот. Каде ли ќе стигнат?
Оооооо... Уууууу... Зззззз... Би-бип-бип-бип! И одеднаш – бум! – тие се најдоа на огромна пустинска планета со црвен песок и чудни летала што пролетаа над нив.
– Хммм, каде ли дојдовме? Во некоја чудна пустина... – се прашуваше Биби, кога од далечината започна вистинска меѓупланетарна брканица!

Најнеобичен ден – на Биби роденден

200.00ден
Тој ден беше сè, само не обичен... Се прашувате зошто? Или можеби веќе насетувате? Хе-хе, точно така – на Биби ѝ е роденден! А кога Биби слави роденден, тогаш сè станува поразлично, повесело и помагично. Изненадувања демнат зад секој агол, другарчињата се подготвени за славење, а насмевките не се симнуваат од лицата. Подгответе се за најнеобичната роденденска авантура во сликовницата „Најнеобичен ден, на Биби роденден“ од серијалот на  Светот на Биби!

Очилата на бувот Илин

200.00ден

Другарчиња, се изгубија очилата на бувот Илин! 
Како сега ќе ги чита приказните за добра ноќ?

Во Волшебната шума расте немир – животните се уморни и ненаспани. Биби и Боби тргнуваат да помогнат, но откриваат дека можеби планот на мрзливецот е токму решението што го бараат.

Дознајте како пријателството, храброста и малку креативност можат да ги спасат очилата и да донесат мир и среќа во шумата!

Подароци од планетата Заз

200.00ден
Дедо Мраз од планетата Заз тргнува кон Земјата, не знаејќи дека го демнат лошите пирати, што носи возбудливи случки и предизвици за Биби, Боби и другарите додека се обидуваат да ја спасат новогодишната мисија

Поезија и карате

200.00ден
Што се случува кога ќе се спојат две древни јапонски вештини – карате и хаику поезијата? Во оваа инспиративна сликовница, децата откриваат дека вистинската сила не се крие само во ударот, туку и во зборот. Преку дисциплината на карате и тивката мудрост на хаику стиховите, секој мал каратист учи дека рамнотежата меѓу телото и духот е најголемата победа. Дали храброста може да биде нежна, а поезијата силна?

Последната светулка

200.00ден
Биби и Боби се запознаа со ново другарче - Луми, кој мисли дека е последната светулка на светот! Ќе можат ли Биби, Боби и нивниот пријател облакот Бени да направат нешто за Луми да затрепка во сиот свој сјај?