Прикажувам 145–156 од 291 резултати
Картонски сликовници за најмалите 2+1 + гратис стикери
Саем на книга – најубави почетоци за најмалите!
По повод саемот, подготвивме специјална онлајн акција за дечиња од 0–3 години:
Картонски сликовници 2+1 ГРАТИС!
Купете 2 сликовници, а третата ја добивате ПОДАРОК!
Цврсти, безбедни и совршени за мали рачиња – идеални за првите допири со книгата и развој на љубовта кон читањето 💕
ПЛУС: со секоја нарачка добивате laser cut стикери како подарок!
Понудата важи ограничено – искористете ја саемската магија навреме!
Напомена: Во пораката наведете ги сликовниците што сакате да ги нарачате.
- Зази
- Зина
- Алфеј
- Роботчето Р1
КНИГА НА ЗНАЕЊА
„Книга на знаења“ – едукативна книга за деца
Оваа книга со знаења е полна со забавни и поучни содржини што им помагаат на децата да го разберат светот околу себе. Преку едноставни објаснувања и примери, книгата ги запознава со основни поими како: горе и долу, лево и десно, блиску и далеку, големо и мало, долга и кратка, но и со природата, годишните времиња, месеците во годината, човечкото тело, растенијата и животните.
–Зошто е супер за учење:
✔ Развија логичко размислување и просторна ориентација
✔ Го проширува општото знаење за светот околу децата
✔ Идеална за деца во развој, со содржина што им е лесно разбирлива и забавна
– Книгата има 66 страници, тврда корица и е во голем формат што овозможува пријатно читање и истражување.
Кој прв?
390.00ден“Кој прв?” е одлична игра за подобрување на фокусот, брзината на реакција и вниманието на играчите.
Играта се состои од 55 картички, секоја картичка има 8 симболи на неа, било кои две картички имаат точно еден симбол кој е ист на двете картички.
Идејата е да се пронајде истиот симбол меѓу две картички.
Играта се состои од неколку различни начини на игра, но во сите игри играчите треба да го пронајдат истиот симбол на своите картички, и тоа што побрзо.
Играта е наменета за сите возрасти и може да играат до четири играчи во еден момент.
Забавата е загарантирана!
Комплет Биби
1,190.00денПрактичен и шарен комплет облека со мотиви на Биби што го комбинира стилот и удобноста за секојдневни активности.
Комплетот вклучува:
-
Маичка со креативен дизајн од „Светот на Биби“
-
Хеланки кои обезбедуваат удобност, меки се и лесни за носење
Овој сет е совршен за игра, прошетки, градинка или секојдневни пригоди, нудејќи удобност и весел изглед што ќе го освежи детскиот гардеробер.
Комплет Боби
1,190.00денПрактичен и удобен комплет облека со мотиви на Боби од „Светот на Биби“, идеален за секојдневни активности, игра и движење.
Комплетот вклучува:
-
Маичка со шарен и весел дизајн
-
Бермуди кои нудат удобност и флексибилност при игра
Овој сет е совршен за секој ден – од градинка, прошетки до игра на отворено, со мек и удобен материјал што го следи секој чекор на детето.
Кофичка – сет за на плажа
250.00денШарен и забавен сет за на плажа што го содржи сето што едно дете му треба за песочни авантури: кофичка, гребло, лопатка и сито – идеален за игра на плажа, во песок или во двор. Ги развива моторичките вештини и креативната забава на најмалите додека истражуваат песокот и градат форми и фигури.
Кражба во музејот
200.00денУбав сончев ден, Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминувајќи покрај природонаучниот музеј, одеднаш се слуша силен аларм!
Од музејот истрчуваат три зазулчиња, а едно од нив држи мал камен – метеор! По нив трча чуварот на музејот, а Биби и Боби остануваат во шок.
Што ли украле овие зазулчиња и како ќе се реши мистеријата? Придружете им се на храбрите другарчиња во возбудлива авантура полна со тајни, смеа и непредвидливи моменти!
Крокодилчето Локо
200.00денБиби и Боби запознаваат ново другарче – Крокодилчето Локо, кое има своја магична лабораторија каде создава неверојатни играчки.
Заедно со Локо ќе доживеат забавни авантури полни со магија, креативни изуми и многу насмевки, додека децата преку приказната учат за соработка, фантазија и создавање нови нешта.
Кучето Куки
200.00денТоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.
Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?
Кучето Куки – Кадифена играчка
590.00денЗапознај го кучето Куки – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти радост.
Лавот што не сакаше да биде крал
200.00денЖивотните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал.
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.























