Прикажувам 181–192 од 318 резултатиSorted by latest
Маица Биби 2025
690.00денЖивајте во удобноста и веселите мотиви со маичките „Биби 2025“ од „Светот на Биби“.
Овие маички се мекани, лесни за носење и удобни за секојдневни активности, дизајнирани со шарени и забавни принтови на Биби што ги прават омилени кај децата.
Достапни во различни големини за да одговараат на потребите на најмалите, идеални за игра, прошетки, градинка или секојдневен стил
Достапни големини:
-
1 (40 см)
-
2 (42 см)
-
3 (44 см)
-
4 (46 см)
-
5 (48 см)
-
6 (50 см)
-
7 (52 см)
-
8 (54 см)
- 9 (56см)
сл. МАГИЧНИОТ ТАПАН
200.00денБиби и Боби, заедно со Фи и Бу, тргнуваат во возбудлива пролетна авантура исполнета со магија и храброст. Кога лоша вештерка ја заробува пролетта и го покрива прекрасниот Галичник со студ и тага, нивниот тим добива важна мисија – да ја разбуди природата со помош на Магичниот тапан. Дали заедништвото, храброста и силата на пријателството ќе бидат доволни за да ја победат вештерката и да ја вратат пролетта во Галичник?
Магазин за деца и родители „Биби и Боби“
Овој магазин е вистинска ризница на знаење, забава и креативност.
Запознајте ја Амелија Ерхарт – инспиративна приказна за првата жена пилот која го прелета Атлантикот; Патуваме во Франција; Мистеријата на Мона Лиза – откријте зошто нејзината насмевка ги фасцинира сите; Патување до Крушево – низ детски очи до нашиот културен бисер; Игри, лавиринти, осумнасочници и мозочни предизвици – совршени за развивање на умот и креативноста; Приказни за семејно читање – идеални за топли празнични моменти; Бонус – друштвена игра што ќе донесе забава за целото семејство; Преку списанието ќе имате можност да учестувавате и во креативниот предизвик, за најдобрите од креативниот предизвик подготвивме големо изненадување – специјални гости на нивниот роденден во 2025 година, маскотите на Биби и Боби! Јееј!
Списанието содржи и подарок специјални сликички за новиот албум „Сказните на Биби“! Во 36 страници спакувавме едукација и забава што ќе ги освојат и децата и родителите!
САМОВИЛАТА ЛУНА – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте ја самовилата Луна – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца и љубители на симпатични џувлиња, совршена за родендени и посебни моменти
ЛОШИТЕ ПИРАТИ (мини игри)
Забавни мини-игри со картички од „Светот на Биби“ за весела забава со другарчиња или семејството!
Играчите влечат и комбинираат картички со цел да формираат парови, а играта завршува кога некому ќе му остане „картата со Лошите пирати“ – со многу смеа и возбудливи пресврти.
Доколку картата со Лошите пирати се извади од шпилот, картичките може да се користат и за игра Меморија, што ја прави оваа игра уште поразновидна и забавна.
ЛАВИЦАТА ЛЕОНА – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте ја лавицата Леона – мека кадифена играчка од Светот на Биби!
Нежна, весела и преслатка, Леона е совршена за малите љубители на животните и омилените ликови од светот на Биби. Таа е секогаш подготвена за гушкање, игра и нови детски авантури.
Благодарение на мекиот и пријатен материјал, Леона е идеална за гушкање и секојдневно дружење, а со својот симпатичен изглед лесно ќе стане омилен детски придружник.
- Препорачана возраст: 3+
- Состав: Полиестерско влакно
- Димензии: 23 × 7 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.
ЛЕО (картонска сликовница за најмалите)
290.00ден„Лео“ – првата омилена сликовница на вашето дете!
Изработена од цврст картон, совршена за мали рачиња што истражуваат, вртат и учат. Со весели и шарени илустрации, „Лео“ им помага на најмалите да ги откријат првите зборови и поими на забавен и лесен начин.
✔ Издржлива и безбедна
✔ Идеална за деца од 0–3 години
✔ Поттикнува говор и визуелен развој
✔ Совршен подарок за најмалите
Донесете радост, учење и насмевки во домот со картонската сликовница „Лео“ од Svetotnabibi.mk.
ЛАВОТ ЛЕО – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте го лавот Лео – мека кадифена играчка од Светот на Биби!
Лео е симпатичен, весел и нежен лик кој лесно ќе ги освои срцата на најмалите. Идеален е за децата кои сакаат да се гушкаат, да си играат и да уживаат во друштво на своите омилени ликови.
Мекиот и пријатен материјал го прави совршен за гушкање, игра и секојдневни детски авантури. Лео лесно ќе стане омилен детски придружник.
- Препорачана возраст: 3+
- Состав: Полиестерско влакно
- Димензии: 26 × 15 см
Производот е дел од официјалната колекција Светот на Биби.
сл. ЛЕЛЕ КАКОВ ГОСТИН
200.00денЕдно многу палаво гостинче ќе ѝ дојде на Биби во посета. Таа е пресреќна и едвај чека заедно со Боби да му покаже што прави кога е дома!
Но, гостинот е вистински немирко – трча, растура и никако да ги слуша правилата! Звучи познато? Секако – тоа е нашето разиграно диносаурусче Даро! Јееј!
Подгответе се за смеење, забавни ситуации и многу палави моменти во оваа весела сликовница од серијалот Светот на Биби!
Лампиони „Светот на Биби“
190.00денДодај магија на прослави и детски моменти со сет од 10 картонски лампиони со омилените ликови од „Светот на Биби“, идеални за украса на родендени, забави или детски соби.
Лампионите се со формат 8 × 8 см и доаѓаат спакувани во шарена кутија — лесни за поставување и совршени за создавање весел и магичен амбиент!
сл. ЛАВОТ ШТО НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ КРАЛ
200.00денЖивотните во шумата се во потрага по своето величество – лавот кој не сака да биде крал.
Биби и Боби се придружуваат во потрагата и откриваат зошто овој необичен лав избегнува да ја преземе својата титула, доживувајќи смешни, возбудливи и поучни моменти за храброста, пријателството и одговорноста.
сл. КУЧЕТО КУКИ
200.00денТоа беше прекрасен и шарен ден во Волшебната шума – исполнет со мирис на цвеќиња и детска смеа. Совршен ден за криенка! Додека Биби, Боби, мрзливецот и Лео се криеја меѓу разнобојните грмушки, налетаа на нешто неочекувано.
Мало, разиграно кученце по име Куки, кое изгледаше изгубено и збунето. Од тој миг започнува нова авантура полна со грижа, возбуда и ново пријателство. Кој е Куки и како ќе стане дел од нивното шарено друштво?

























