Прикажувам 277–288 од 299 резултатиSorted by latest
Биби и Боби на заболекар (картонска сликовница)
290.00денОдењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.
Биби и Боби на европско првенство во фудбал
300.00денБиби и Боби тргнуваат на возбудливо патување низ историјата на фудбалот – од неговите почетоци во светот до најголемите успеси на македонските тимови.
Оваа сликовница е вистинска сказна за најмалите, полна со забавни факти, алманах со наши херои и дури постер од македонската фудбалска репрезентација. Преку авантурите на Биби и Боби, децата учат за спортот, тимската работа и љубовта кон играта која ги обединува сите!
БИБИ И БОБИ СНЕШКОВГРАД – премиум издание
360.00денКаква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш – непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година?
Оваа книга е идеална за заедничко читање со децата или како подарок што ќе ја разбуди фантазијата и ќе донесе празнична радост во домот.
Биби 2024 (кадифена кукла)
650.00денЗапознајте ја Биби 2024 – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Биби (картонска сликовница за најмалите)
290.00денЗапознај ја Биби! Картонска едиција со ликовите од „Светот на Биби“ за најмалите наши обожаватели.
Биби – Кадифена кукла (25 см)
690.00денЗапознајте ја Биби – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Бети Јети – Кадифена кукла
590.00денЗапознајте ја Бети Јети – мека кадифена играчка од светот на Биби!
Идеална за деца кои сакаат да гушкаат, играат и да ја живеат магијата на Биби секој ден.
Изработена од безбедни и меки материјали, оваа играчка е одличен подарок за деца , совршена за родендени и посебни моменти
Биби, Боби и чудесниот бисер
200.00денУбав сончев ден во волшебната шума, Деси се игра со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце, кога од длабочините наоѓа голем и преубав бисер во џиновска школка.
Но, кога Деси сака да го зачува само за себе, сè се смрачува и во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, Биби и Боби се тука за да помогнат и да ја вратат магијата.
Биби, Боби и непослушното јајце
200.00денБиби и Боби се впуштаат во нова авантура како вистински другари, за да му помогнат на едно мало палаво јајце.
Приказната учи дека треба да се биде внимателен и да се слушаат повозрасните и поискусните, додека децата се забавуваат и учат важни лекции за грижа и одговорност.
Биби, Боби и куќичката од чоколадо
200.00денБиби и Боби тргнуваат на возбудлива прошетка низ Волшебната шума и откриваат нешто многу вкусно – куќичка од чоколадо!
Преку нивната авантура, нашите другарчиња учат важни лекции: да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно и да бидеме умерени. „Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате,“ вели Биби, откако Боби ќе се најде во непријатна ситуација.
Сликовницата е полна со забавни активности и учи дека пријателството и правилното однесување секогаш носат најубави резултати.
Биби и животните
200.00денБиби оди на прошетка во волшебната шума во посета на своите пријатели – животните, но таму ќе се соочи со ловец што дојде со лоши намери и поставува опасна стапица.
Приказната низ смешни и возбудливи ситуации покажува како Биби ја штити шумата и животните, додека децата учат за правилното однесување во природа и важноста на грижа за животните.
Биби, Боби и змејот
200.00денСи беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар?
Биби и Боби, иако најдобри другари, не можат да се согласат околу многу работи – особено околу тоа какви се змејовите во сказните. Дури започнуваат и да се караат!
Сè додека заедно не решаваат да раскажат една волшебна, прекрасна и возбудлива сказна, полна со пријателство, храброст и магија.






