Производи
Прикажи 9 12 18

Биби, Боби и змејот

200.00ден

Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар?

Биби и Боби, иако најдобри другари, не можат да се согласат околу многу работи – особено околу тоа какви се змејовите во сказните. Дури започнуваат и да се караат!

Сè додека заедно не решаваат да раскажат една волшебна, прекрасна и возбудлива сказна, полна со пријателство, храброст и магија.

Биби, Боби и куќичката од чоколадо

200.00ден

Биби и Боби тргнуваат на возбудлива прошетка низ Волшебната шума и откриваат нешто многу вкусно – куќичка од чоколадо!

Преку нивната авантура, нашите другарчиња учат важни лекции: да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно и да бидеме умерени. „Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате,“ вели Биби, откако Боби ќе се најде во непријатна ситуација.

Сликовницата е полна со забавни активности и учи дека пријателството и правилното однесување секогаш носат најубави резултати.

Биби, Боби и непослушното јајце

200.00ден
Биби и Боби се впуштаат во нова авантура како вистински другари, за да му помогнат на едно мало палаво јајце. 
Приказната учи дека треба да се биде внимателен и да се слушаат повозрасните и поискусните, додека децата се забавуваат и учат важни лекции за грижа и одговорност.

Биби, Боби и Снежната кралица

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на магична авантура за да ја запознаат мистериозната Снежна кралица. 
Заедно ќе се соочат со зимски предизвици, ќе доживеат неверојатни моменти полни со магија и ќе откријат дека пријателството и храброста се најсилната моќ.

Биби, Боби и чудесниот бисер

200.00ден
Убав сончев ден во волшебната шума, Деси се игра со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце, кога од длабочините наоѓа голем и преубав бисер во џиновска школка. 
Но, кога Деси сака да го зачува само за себе, сè се смрачува и во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, Биби и Боби се тука за да помогнат и да ја вратат магијата.

Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро

200.00ден
Биби и Боби тргнуваат на летна авантура на брегот на Охридско Езеро, каде ја запознаваат новата другарка Деси.
Заедно откриваат нови начини за забавување, учат како да се справат со стравот и како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото. Волшебната шумичка добива уште еден жител, а игрите стануваат уште позабавни.
Сликовницата е полна со забавни активности кои ќе ги вклучат децата во магичниот свет на пријателството и авантурите.

Бибиверзум 1 (Активности наменета за деца од ПРВО одделение)

220.00ден
Активности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.

Бибиверзум 2 (Активности наменета за деца од ВТОРО одделение)

220.00ден
Книга со активности наменета за деца од ВТОРО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта

Бибиверзум 3 (Активности наменета за деца одТРЕТО одделение)

220.00ден
Книга со активности наменета за деца од ТРЕТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д - форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .

Бибиверзум 4 (Активности за деца од ЧЕТВРТО одделение)

220.00ден
Книга со активности наменета за деца од ЧЕТВРТО одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на учениците од четврто одделение, со цел подобрување на концентрацијата, графомоторички вежби, математички вежби и одгатнување на загатки. Повторување на знаењата за именките, глаголите, придавките, синоними и антоними, аритмагони, крстозбори, кодирање и итн.

Бибиверзум за најмалите (2)

2,250.00ден
Овој курс е наменет за најмалите од 3 до 4 години. Програмата има воспитни и образовни цели и вкупно ќе се одржат 8 часа. За повеќе информации пишете ни на edukacija@svetotnabibi.mk. Пред да уплатите пополнете ја формата подолу, нашиот тим ќе ве контактира за почетокот на наставата и термините.