Пребарување
Филтри
Затвори

Услови за испорака

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот. Испораката се наплаќа во зависност од тежината на производот, без оглед на висинита на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките во Македонија ќе се врши преку доставната фирма Карго Скопје партнер за логистика на СВЕТОТ НА БИБИ ДОО Скопје за овој вид испораки. Додека, испораката на нарачките надвор од Македонија ќе ја врши доставната фирма ДХЛ.

Карго Експрес партнер за логистика на СВЕТОТ НА БИБИ ДОО Скопје за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 3 – 5 работни дена по извршената онлајн нарачка.

Времето на задржување на КАРГО ЕКСПРЕС при подигање или достава на пратка не смее да биде подолго од 10 минути, а за пратки со проверка не подолго од 30 минути. Доколку КАРГО ЕКСПРЕС во горенаведениот временски рок не успее да ја испорача пратката, неговата обврска по таа пратка е завршена. Пратката ке треба да се подигне од филијала на КАРГО ЕКСПРЕС или истата по 7 дена ке биде вратена кај испраќачот.

Примачот на пратката ке биде известен со телефонско јавување или порака на броевите кои што се наведени за контакт од праќачо 

Пратка која не се подига после 2 дена, КАРГО ЕКСПРЕС има право да ја достави до врата и да наплати за достава ДО ВРАТА.

КАРГО ЕКСПРЕС има обврска да направи до 2 обиди за телефонски да го извести примачот или до 2 обиди за доставување кога пратката е со достава до врата.

КАРГО ЕКСПРЕС има право да не изрши достава до врата или подигнување од врата, на места на кои: нема пристап и паркинг за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа во зона забранета за сообраќај за возилото со кое се врши услугата, се наоѓа надвор од места каде се даваат услугите, местото е различно од она кое е пријавено при нарачката или при праќањето на пратката.

Пратка не се предава ако примачот одбива да постапи по упатствата кои ги дал праќачот на пратката. Забрането е: да се отвораат пратки заради проверка и да се враќа наплатениот откуп, освен ако тоа е писмено одобрено од праќачот.



Испорака во странство

1890 до 3 кг

Период на достава: 3 до 7 дена

Светот на Биби субвенционира дел од трошоците за испорака со ДХЛ. Износот кој купувачите ќе треба да го платат е само 1890 денари до 3 кг. за која било држава.

Забелешка за пратките за странство:

Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот; ние немаме контрола над овие давачки и не можеме да предвидиме колкави би биле истите. Царинските политики варираат во голема мера од земја до земја. Ве молиме контактирајте ја вашата локална царинска испостава за дополнителни информации.

Претплати се на нашиот електронски информатор