Биби и Боби заедно со Фи и Бу тргнаа во магична пролетна авантура. Тие се тим што има многу важна мисија. Ќе успеат ли да ја победат лошата вештерка и да ја вратат пролетта во преубавиот Галичник.
Биби и Боби се запознаа со ново другарче - Луми, кој мисли дека е последната светулка на светот! Ќе можат ли Биби, Боби и нивниот пријател облакот Бени да направат нешто за Луми да затрепка во сиот свој сјај?
Биби, Боби и малата вештерка Фи неколку ноќи по ред гледаа едно светленце во шумата, но од каде доаѓаше? И дали знаете дека во Волшебната шума има еден стар, напуштен замок во кој никој не се осмелува да влезе? А кој живее таму? Прочитајте ја оваа возбудлива приказна за да дознаете!
Биби и Боби ја истражуваат големата пустина Тоби јавајќи камили. Но, кога ќе стигнат до пирамидите, палавкото Боби ќе почне да прави бељи и... ЦАП - одеднаш ќе го зграпчи една џиновска шепа! Чија - ќе дознаете во оваа книга.
Ловецот по најкраткиот пат поита низ шумата, дојде до дувлото на волкот, па пред самиот влез постави една гооолема стапица. Тогаш го преправи гласот и викна: - Волку, излези, јас сум, Биби. Волкот, не насетувајќи ништо, излезе од дувлото и ….
Си беше еднаш еден змеј… но каков змеј? Страшен и лош или сладок и добар? Иако најдобри другари, Биби и Боби не можат да се согласат околу многу нешта (а особено околу тоа какви се змејовите во сказните). Тие дури и почнуваат да се караат, сè додека заедно не раскажат една волшебна, прекрасна, возбудлива сказна…