Регистрирај се и продолжи со купување!
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако - да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!
Колку посебен ден! Тато Тино им приреди специјално изненадување на Биби и Боби. Додека мама Ана е на пат - тие ќе кампуваат во дневната соба во две малечки шаторчиња. А кога се кампува, се знае – се јадат сендвичиња, колачиња и се пие топло чоколадо!
Во Волшебната Шума се вселуваат нови жители: Медо Штедо и Медена. Биби и Боби одат да ги посетат и -добиваат корисни совети како да заштедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели за штедење и како да не ги троши сите парички на слатки задоволства и непотребни играчки, па заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи!