Регистрирај се и продолжи со купување!
Специјално припремена пишуванка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“. Нашата сезнајка им дава можност на дечињата заедно да ги пишуваат зборовите во почетокот, но потоа ги осамостојува тоа да го прават и сами.
Активности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.
Книга со активности наменета за деца од второ одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.
Книга со активности наменета за деца од трето одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д - форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .
Книга со активности наменета за деца од четврто одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на учениците од четврто одделение, со цел подобрување на концентрацијата, графомоторички вежби, математички вежби и одгатнување на загатки. Повторување на знаењата за именките, глаголите, придавките, синоними и антоними, аритмагони, крстозбори, кодирање и итн.