Регистрирај се и продолжи со купување!
Производи од „Светот на Биби“ препорачани за деца од 5 до 7 години
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на кученцето Куки. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Започнете го вашето патување со Биби и Боби. Овој албум не е само за собирање сликички, туку за доживување вистинска авантура! Ќе треба да ги истражувате сите авантури на Биби и Боби и да ги соберете специјалните сликички што ќе ве водат низ светот на фантазијата! Сите што ќе го пополнат албумот ќе добијаат незаборавен подарок - ПЕРСОНАЛИЗИРАНА СЛИКОВНИЦА.
Книга со активности наменета за деца од трето одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д - форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .
40 картички; 4 картички со кошнички; 4 двострани картички со листа за пазарење; „Наполни ја кошничката“ е забавна игра во која играчите добиваат листа за пазарење и „кошничка“ која треба да ја наполнат. Сетот содржи 40 производи, и играчот кој прв ќе ја наполни својата кошничка е победник. Формат на кутија: 20 х 20 х 4 см
Во Волшебната Шума се вселуваат нови жители: Медо Штедо и Медена. Биби и Боби одат да ги посетат и -добиваат корисни совети како да заштедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели за штедење и како да не ги троши сите парички на слатки задоволства и непотребни играчки, па заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи!
Filter by:
Clear All