Пребарување
Филтри
Затвори
Види како
Подреди по
Приказ по страна

Биби и Боби во Снешковград

Каква новогодишна авантура! Неверојатна, возбудлива и како и секогаш - непредвидлива! Биби и Боби патуваат со снешкото Гого кон Снешковград за таму да ја пречекаат Новата година. Но, Снешковград е пуст и тивок. Каде се сите снешковци? Зошто никој не ја прославува Новата година? Прочитајте ја оваа возбудлива новогодишна сказна за да дознаете.

360,00 ден

Бонтон за деца (правила за добро однесување)

Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување. Зошто е важно да ги запомниме овие правила? Затоа што тие ќе ни помогнат да оставиме добар впечаток кај постарите, родителите, наставниците и кај нашите другарчиња...

350,00 ден

Букварот на Биби

Букварот на Биби е задолжително четиво за секое дете што влегува во светот на буквите, читањето, пишувањето. Со него на лесен и забавен начин девцата ќе научат да ги препознаваат и да ги пишуваат печатните и ракосписните букви, а ќе се подготват за пишување со графомоторички вежби. Со него тие ќе читаат, ќе рецитираат, ќе пеат заедно со Биби и Боби и ќе се смеат. Во овој буквар се пополнува, се црта, се бои и се пишува. А тој е неизбежен за секоја детска библиотека. Број на страници: 140

490,00 ден

Светот на Биби од А до Ш

„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!

490,00 ден

Книга на знаења

Другарчиња, со „Книга на знаења“ ќе се забавуваме и ќе научиме многу нови работи - Местоположба на нештата околу нас: Што е горе, а што долу? Што е лево, а што денсно? Што е блиску, а што далеку? Што е под, над, во и помеѓу... - Споредба на нештата: Што е помало, а што поголемо? Што е високо, а што ниско? Што е долго, а што кратко? - Ќе дознаеме и многу работи за светот околу нас, за човечкото тело, за годишните времиња, месеците во годината, за природата, растенијата и животните... Јееј!

590,00 ден

Месечина

Значи, другарчиња, Боби си читал сликовница во собата, но кога снемало струја, наеднаш станал и погледнал пред себе. 👀 На подот си ја видел сенката и многу се зачудил! Па како може ноќе да има сенка?!. си рекол, нели само Сонцето и светилките прават сенки? Се свртил и ја видел Месечината на небото. Но, како може Месечината толку да свети, се запрашал. 🌖🌗🌘🌔

390,00 ден
Претплати се на нашиот електронски информатор