Регистрирај се и продолжи со купување!
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на Зази. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ во ново издание по СУПЕР ЦЕНА. Одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите.
Летна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака - вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.