Букварот на Биби е задолжително четиво за секое дете што влегува во светот на буквите, читањето, пишувањето. Со него на лесен и забавен начин девцата ќе научат да ги препознаваат и да ги пишуваат печатните и ракосписните букви, а ќе се подготват за пишување со графомоторички вежби. Со него тие ќе читаат, ќе рецитираат, ќе пеат заедно со Биби и Боби и ќе се смеат. Во овој буквар се пополнува, се црта, се бои и се пишува. А тој е неизбежен за секоја детска библиотека. Број на страници: 140
Убав сончев ден. Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминуваат покрај природонаучниот музеј и... одеднаш се слуша силен аларм, а од музејот истрчуваат – три зазулчиња (и еден мал камен – метеор – во раце кај едното од нив)! По нив трча чуварот на музејот. Биби и Боби се шокирани. Што ли зеле тие зазулчиња❓
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.