За жал, овој производ не е повеќе достапен.
„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн-настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Покрај изучувањето на буквите од македонската азбука, децата во овој тримесечен онлајн-курс ќе учат и да читаат и да пишуваат. Курсот ќе трае три месеци. Цена: 1600 денари / месечно.
-
*
-
Онлајн-школа: „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“
„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн-настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Покрај изучувањето на буквите од македонската азбука, децата во овој тримесечен онлајн-курс ќе учат и да читаат и да пишуваат
Прв час: 22 февруари
Последен час: 26 мај
Вкупен број на часови: 24
Временски период на еден час: 30 до 40 минути
Наставата ќе се одвива двапати неделно (понеделник и среда или вторник и четврток)
Возраст за која е предвидена наставата: од 4 до 8 години
Цена: 1600 мкд / месечно
Понудени се неколку термини и во една група ќе може да има максимум 10 учесници за подобар ефект на наставата. Часовите ќе траат од 30 до 40 минути и потребно е учесниците да имаат пристап до интернет-конекција и наставата да ја следат преку десктоп-компјутер, лаптоп или мобилен телефон кој ја поддржува апликацијата „Зум“.
При пријавувањето задолжително оставете валидна е-адреса. Во делот на Персонализирана порака напишете го името на детето што ќе ја посетува наставата. На истата е-адреса на која ќе го пријавите ќе добиете и линк за приклучување на наставата.
Дополнително, за подобро следење на наставата, треба да бидете приклучени 10 минути порано и за време на наставата децата да бидат сами, доколку дозволуваат условите. Доколку им е потребна техничка асистенција, секогаш да имаат на располагање возрасна личност, родител/старател кој би им помогнал.
Часовите за време на онлајн-школата ќе се одржуваат двонасочно, односно, ќе има интеракција со наставникот и учениците.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање на оваа е-адреса: edukacija@svetotnabibi.mk