Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ во ново издание по СУПЕР ЦЕНА. Одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите.
Нови 60 карти со активности за вашата омилена фамилијарна и друштвена игра - „Игра на знаења“
60 картички со слики + 60 картички со букви. Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа. Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.