Шпилот има 31 карта. Картите им се делат на сите играчи (играат минимум 2). Ако играчот добие 2 исти карти, ги трга настрана. Потоа почнува извлекувањето - тој што седи од левата страна на играчот кој има најмногу карти му влече една карта, потоа следниот влече од него итн. Ако со картата што ја извлекол направи пар, ги остава настрана. Играта трае додека на еден играч не му остане картата Вештерка и тој се прогласува за Вештерка. Му следува казна која е однапред договорена (на пр., да си нацрта точка, или нешто друго, на носот, челото, лицето...)
48 карти со 24-те ликови од „Светот на Биби“. Забава за цело семејство! Јееј!
Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ во ново издание по СУПЕР ЦЕНА. Одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите.