Пребарување
Филтри
Затвори

Креативна зима со Биби и Боби

За жал, овој производ не е повеќе достапен.

На 10 јануари почнуваат интересни, креативни и забавни часови кои се дел од програмата „Креативна зима со Биби и Боби“. Секој ден ќе се обработува различна содржина, која се состои од кратко видео со главните јунаци Биби и Боби, различни активности, игри, вежби, песнички, кои специјално ги подготвивме за најмалите. Повеќе за програмата прочитајте подолу
1500,00 ден

Сподели:

Драги другарчиња, почитувани родители,

На 10 јануари почнуваат интересни, креативни и забавни часови кои се дел од програмата „Креативна зима со Биби и Боби“.

Секој ден ќе се обработува различна содржина, која се состои од кратко видео со главните јунаци Биби и Боби, различни активности, игри, вежби, песнички, кои специјално ги подготвивме за најмалите.

Преку оваа програма децата ќе го развиваат говорното изразување, ќе го збогатуваат речникот со нови зборови, ќе ја развиваат меѓусебната комуникација преку изразување на своите мислења и ставови. Со насмевка на лицето ќе ги совладаат содржините што ги нуди програмата и ќе бидат побогати со низа нови знаења. Преку забава и игра ќе ги усвојуваат поставените цели и ќе развиваат позитивни лични способности, упорност, снаодливост, креативност, истрајност и слично.
Затоа ве очекуваме заедно да учиме со Биби и Боби, бидејќи учењето со нив е забавно и интересно!

ЧАСОВИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ОНЛАЈН.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЕДЕН ЧАС Е 50 МИНУТИ.
ЦЕНА: 1.500 ДЕНАРИ за цела програма (вкупно 10 часа)

Програмата е наменета за деца од 4 до 8 години

Драги другарчиња, пријавете се да бидете дел од „Креативната зима со Биби и Боби“ и дојдете да се забавуваме, да учиме преку игра, да истражуваме, да цртаме, да пееме, да се смееме, да играме, да правиме креативни изработки и, се разбира, да уживаме во дружењето со нашите јунаци Биби и Боби... Ве очекуваме!

Календар на содржини

10.1.2022 - ПОНЕДЕЛНИК
Зимата во волшебната шума на Биби и
Боби царува и снежни убавини ни дарува!

11.1.2022 - ВТОРНИК
Уметноста ни дозволува да се изразиме креативно,
со Биби и Боби секогаш дружењето е позитивно!

12.1.2022 - СРЕДА
Со Биби и Боби играме и пееме,
учиме за музика, среќни сме и се смееме!

13.1.2022 - ЧЕТВРТОК
Математиката со Биби и Боби е лесна и
се учи како најубава песна!

14.1.2022 - ПЕТОК
Истражувачи со Биби и Боби сме ние,
учиме што во Сончевиот Систем се крие!

17.1.2022 - ПОНЕДЕЛНИК
Веселата азбука со Биби и Боби научи ја ти
и оживеј ги буквите како во твоите сни!

18.1.2022 - ВТОРНИК
Со Биби и Боби учиме за здравата храна,
за детство среќно и без маана!

19.1.2022 - СРЕДА
Со Биби и Боби за чувствата научи ти и
со стекнатите знаења порасни!

20.1.2022 - ЧЕТВРТОК
Заедно со Биби и Боби забавувај се и играј игри разни,
возбудливи и интересни како во најдобрите сказни!

21.1.2022 - ПЕТОК
Дружи се со содржините
од Букварот на Биби!

Напишете сопствен осврт
  • Производот може да се прегледа само откако ќе го купите
  • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
*
*
Лош
Одлично
*
*
*
Претплати се на нашиот електронски информатор