Креативен предизвик: „Мојата приказна со Биби и Боби“
Драги родители и мали творци,
„Светот на Биби“ со радост го најавува новиот креативен предизвик „Мојата приказна со Биби и Боби“! Ова е вашата можност да создадете уникатна приказна користејćи ги самолепливите сликички од албумот „Сказните на Биби“ и да ја споделите вашата фантазија со нас.
Како да учествувате?
- Завршете ја вашата приказна:
- Залепете ги вашите дупликат сликички на посебно предвидената страница во магазинот „Биби и Боби“.
- Под секоја сликичка напишете кратка реченица што го опишува делот од приказната.
- Испратете ја вашата приказна:
- Преку социјални мрежи: Сликајте ја или направете видео снимка од готовата приказна и објавете ја на вашиот профил на Instagram со хаштаг #МојатаАвантураСоБибиИБоби и означете го официјалниот профил на „Светот на Биби“на Инстаграм.
- Рок за учество:
- Пријавувањето трае до 15 Aприл
Што ќе добијат учесниците?
Вашата креативност заслужува внимание!
- Главен подарок:
- Најдобрата приказна ќе добие роденденска посета од маскотите Биби и Боби со 30-минутна забава за вашето дете и неговите пријатели.
- Дополнителни подароци:
- Подарок за 2-то и 3-то место (пакет производи од „Светот на Биби“).
Како се избираат најдобрите приказни?
- Стручно жири:
Преку следење на хаштагот ќе одбере 10 најкреативни приказни.
- Избраните 10 приказни ќе бидат споделени на официјалните профили на „Светот на Биби“ за да може јавноста да гласа преку лајкови и споделувања на приказната.
- Специјално жири ќе ги разгледа најгласаните приказни и ќе ги одбере 3-те најдобри.
Приказните ќе бидат оценувани од тим на илустратори, писатели и едукатори од „Светот на Биби“.
- Критериуми: креативност, поврзаност на приказната и иновативност во користење на сликичките.
- Транспарентност:
- На крајот од предизвикот, објавуваме листа со најдобрите приказни и кратки коментари за нивниот избор.
Услови за учество
- Учеството е отворено за сите деца, со помош од родителите.
- Испратените приказни треба да бидат оригинални и креирани само за овој предизвик.
- Со испраќање на приказната, давате согласност за нејзино објавување на нашите медиуми (веб-страница, магазини, социјални мрежи).
- Приказните кои нема да ги почитуваат инструкциите нема да бидат разгледувани.
Приклучете се и дозволете ни да ја видиме вашата магија!
За дополнителни информации, пишете ни на info@svetotnabibi.mk или посетете ги нашите профили на социјалните мрежи.