Регистрирај се и продолжи со купување!
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.
Убав сончев ден. Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминуваат покрај природонаучниот музеј и... одеднаш се слуша силен аларм, а од музејот истрчуваат – три зазулчиња (и еден мал камен – метеор – во раце кај едното од нив)! По нив трча чуварот на музејот. Биби и Боби се шокирани. Што ли зеле тие зазулчиња❓
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.