Што е тоа? Дали навистина Боби направи роботче!? Јипирипи! Со помош на Зина, Зази и Биби, роботчето Р1 оживува и почнува да прави неверојатни работи. Тоа не само што ја претвори гаражата на Боби во суперопремена лабораторија, туку отвара и - портал! Портал што ќе ги однесе Биби, Боби. Зази и Зина... Каде? Ќе прочитате во оваа книга...
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.
Возбудлива прошетка на Биби и Боби во шумата. Нашите другарчиња ќе нѐ научат да бидеме внимателни, да си помагаме кога е потребно, но и да бидеме умерени. Никогаш не земајте го она што не е ваше без да прашате - вели Биби. Тоа може да ви донесе непријатности како на Боби. Во сликовницата се вклучени и голем број интересни активности.