Регистрирај се и продолжи со купување!
Времето за заспивање може да биде еден од најдобрите моменти од денот со нашите најмили. 😴 Гушкајќи се со нив, може заедно да уживаме во приказната, па задоволно да ги набљудуваме како полетуваат во земјата на соништата. 💫 Но, постојат и оние „други“ ноќи, кога децата воопшто не се уморни, одбиваат да заспијат, бараат уште малку време. Ние, во #СветотНаБиби сакаме да го направиме полесно заспивањето. Овие две збирки сказни се наша препорака за читање пред спиење. Нивната намена е да дејствуваат приспивно и да им помагаат на децата побрзо и полесно да заспиваат. 💫
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.
Со оваа книга ќе научиме бонтон, односно правила за добро однесување.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.