Дали сте подготвени за една возбудлива авантура? Придружете им се на Биби и Боби во нивната потрага по нови и несекојдневни животни. Инсекти, птици, цицачи, риби и што уште не! Во овој дневник на откритија ќе ги дознаете нивните тајни карактеристики и навики, една по една, буква по буква. Заедно ќе научите многу нови нешта и најважно - ќе се забавувате!
Што се случува со скриената долина? Зошто се загрижени еднорозите? Ооо, божилакот кој секогаш стоел над големиот водопад во скриената долина е украден! Биби, Боби и Алфеј поаѓаат на чудно подземно патување - за да ја решат мистеријата на украдениот божилак. А какви изненадувања ги очекуваат и каде ќе стигнат - ќе прочитате во оваа приказна...