Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на хероината Биби. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.