Регистрирај се и продолжи со купување!
"Секое Бибот пакетче е составено од : -1 робот -1 картичка со 5 самолепливи сликички (буква, два цртежа,лик, и сликичка за сложувалка) Собирањето на биботите ќе им овозможи на децата да се запознаат со буквите од македонската азбука! Овие иновативни роботи промовираат интерактивна и забавна средина за учење низ игра и развој. Со нив, учењето ќе биде забавно и интерактивно и ќе станете вистински Бибот колекционери! "
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на хероината Биби. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
„Читанката на Биби” е наменета за различни возрасти. За најмалечките - на кои би им читале родителите, бабите или дедовците, како и за оние од училишна возраст кои ќе ги научат буквите и ќе ги совладаат текстовите од „Букварот на Биби”. Тие ќе бидат подготвени да продолжат со текстовите и задачите што ќе ги најдат низ страниците на оваа читанка.