Регистрирај се и продолжи со купување!
Убав сончев ден во волшебната шума. Деси се брка со шарените риби и водни змии во малото шумско езерце. Нуркајќи во длабочината, таа наоѓа голем и преубав бисер во една џиновска школка. Деси одлучува да го зачува бисерот за себе, но... одеднаш сè се смрачува, а во езерцето се креваат големи бранови! За среќа, тука се Биби и Боби да помогнат... а што се случува потоа – ќе дознаете во оваа сликовница.
Летна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака - вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.
Активности наменети за деца од ПРВО одделение. Специјално направена тетратка наменета да се олесни процесот на учење преку примери од зборчиња кои децата веќе ги знаат од содржините на „Светот на Биби“ , запознавање со околината, училиштето, сообраќајот, здрави навики, собирање и одземање до 10, задачи, геометрија и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.
Filter by:
Clear All