Регистрирај се и продолжи со купување!
Биби и Боби го поминуваат летниот распуст покрај брегот на Охридското Езеро. На прв поглед се е прекрасно, но Биби се вџашува кога ќе види дека езерото е полно со пластика и отпадоци. Таа предлага да почнат да ја собираат пластиката што ќе ја најдат, иако - да се исчисти целото езеро звучи како невозможна мисија! Ооо, нешто СТРАШНО се бранува и клокоти на дното на езерото!
Биби и Боби овој пат се впуштаат во нова авантура во која се вистински другари кои заедно сакаат да му помогнат на едно мало палаво јајце. Приказната ќе ги научи децата дека треба да бидат внимателни и да ги слушаат повозрасните и поискусните кога ги подучуваат.
Вештерката се врати во волшебната шума! И, овој пат таа не е сама, има и помошничка - една мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија.
Малата вештерка Фи ја губи моќта, но дали е сѐ изгубено❓Дали силата на пријателството може да ѝ помогне на Фи да си ги врати своите способности❓Во новата авантура на Биби и Боби читајте за една загубена моќ, за едни вистински пријатели и низ што поминуваат кога се заедно.