Регистрирај се и продолжи со купување!
Производи препорачани за деца од 0 до 2 години
Вештерката се врати во волшебната шума! И, овој пат таа не е сама, има и помошничка - една мала вештерка по име Фи, која никако не умее да направи лоша магија.
Ловецот по најкраткиот пат поита низ шумата, дојде до дувлото на волкот, па пред самиот влез постави една гооолема стапица. Тогаш го преправи гласот и викна: - Волку, излези, јас сум, Биби. Волкот, не насетувајќи ништо, излезе од дувлото и ….
Алфеј вознемирано лета - ита накај Биби и Боби. Што се случува во Скриената долина? Замислете, оваа прекрасна, мирна долина на еднорозите е нападната од џиновите од Џин-земја! Кој може да ја спречи оваа страшна џиновска инвазија?
Еден сончев ден Биби, Боби и жителите на Волшебната шума играа фудбал. Малку шутираа, малку се караа и во еден момент играта застана - топката летна толку далеку што никој не можеше да ја види, па сите заедно тргнаа да ја бараат. Каде падна топката и кое е новото другарче што го запознаа, кое знае се` за фудбалот, но не може да игра, ќе дознаете во оваа сказна.
Малата вештерка Фи ја губи моќта, но дали е сѐ изгубено❓Дали силата на пријателството може да ѝ помогне на Фи да си ги врати своите способности❓Во новата авантура на Биби и Боби читајте за една загубена моќ, за едни вистински пријатели и низ што поминуваат кога се заедно.
Цела шума е на нозе! Револуција и одбрана на најстариот чинар, каде што се прави највкусното кремче! Ќе го спасиме ли древното дрво од лошиот ловец и неговиот багер?
Запознајте го Златко Хаџи Зајков, зајаче со големо срце и уште поголема желба да направи највесела забава во шумата!
Тоа беше прекрасен и шарен ден. Да, шарен бидејќи Волшебната шума беше полна со цвеќиња во разни бои. Имаше црвени, портокалови, розови и моите омилени − жолти. Совршен ден за криенка. Јас, Боби, мрзливецот и Лео, додека се криевме, најдовме нешто неочекувано... возбудено раскажуваше Биби.
Filter by:
Clear All