60 картички со слики + 60 картички со букви. Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа. Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.