Омилената игра на најмалите во ново пакување. Прекрасен избор помеѓу мемориските игри за најмалите деца направена од тврд картон. Може да биде користена како класична игра меморија или картички за едноставно препознавање ликови од „Светот на Биби“. Родителите може да ги користат овие разнобојни картички да индуцираат одредени зборови. Победник во оваа игра е оној што ќе пронајде повеќе ликови/парови. Сетот е направен со 16 картички.
60 картички со слики + 60 картички со букви. Картичките со букви се распоредуваат така што да можат да ги гледаат двајцата играчи. Првиот играч влече една од картичките со слики и со помош на картичките со букви, за 30 секунди, треба да го состави зборот што се однесува на сликата. Ако успее, ја задржува картичката со слика и продолжува вториот играч. Ако не успее, другиот играч има шанса да го стори тоа. Доколку и двајцата играчи не успеат да го состават зборот, картичката се враќа најдолу во купчето. Победник е тој што ќе собере повеќе картички со слики, односно што ќе има поголем број составени зборови.
Ако сакате да го израдувате вашето дете или да подарите убав подарок за роденден, ви предлагаме вашиот избор да бидe играчка со ликот на Даро. Кадифените кукли од „Светот на Биби“ се први македонски кукли во сериско производство.
О не! Каде е црното маче? Заталка бркајќи една пеперутка и... никој не знае што случи со него. Филимена е загрижена, но Биби и Боби се секогаш тука да ѝ помогнат.