Пребарување
Филтри
Затвори
Види како
Подреди по
Приказ по страна

Биби, Боби и чудовиштето од Охридското езеро

Летна авантура на брегот на Охридското Езеро. Биби и Боби ја запознаваат својата нова другарка Деси и заедно откриваат нови начини за забавување и уживање. Врр навака - вррр натака, тие пловат по водите на езерото. Нашите херои пронаоѓаат решение како Деси повеќе да не мора да се крие во длабочините на езерото и повикуваат пријателка на помош за да го спроведат својот план. Волшебната шумичка станува побогата за уште еден жител, а и игрите стануваат позабавни. Во сликовницата се вклучени голем број забавни активности.

200,00 ден

Бибиверзум 3

Книга со активности наменета за деца од трето одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење и совладување и повторување на многу поими на македонски јазик, математика, општество и природни науки. Преку активностите се пишуваат видови реченици, придавки, латинични букви, математика, множење и делење, логички задачи, пирамиди, геометриски слики, дропки, 2 д форми, 3 д - форми, животни процеси, сетила и останати забавни и креативни активности .

220,00 ден

Боенката на Зази

Обој ги зазулчињата и дај им моќ. Комбинација од прирачник за правилно добивање и користење на боите и место каде децата може да ја изразат својата креативност и да ги бојат своите омилени карактери од „Сказните на Биби“.

200,00 ден

Медената авантура на Биби и Боби

Во Волшебната Шума се вселуваат нови жители: Медо Штедо и Медена. Биби и Боби одат да ги посетат и -добиваат корисни совети како да заштедат за да ги остварат своите соништа. Боби учи како да си постави цели за штедење и како да не ги троши сите парички на слатки задоволства и непотребни играчки, па заедно со Биби, паричка по паричка, успеваат да заштедат за убави и корисни работи!

200,00 ден

Светот на Биби од А до Ш

„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од „Светот на Биби“. Оваа исклучителна сликовница е полна со едукативни содржини, а ги користи интересите на Биби за да се доближи до сите дечиња на оваа возраст. Таа сака да раскаже некои работи за светот околу себе, за својата куќа, за својот град, за нејзиното најдобро другарче и за омилените нешта. А додека таа раскажува за себе, патем дечињата ја учат азбуката, читаат повеќе зборови, пишуваат букви, се дружат и се смеат. Јеееј!

490,00 ден
Претплати се на нашиот електронски информатор