Регистрирај се и продолжи со купување!
Запознај ја Биби! Картонска едиција со ликовите од „Светот на Биби“ за најмалите наши обожаватели.
Во оваа сликовница нашата хероина Биби се запознава со џиновите, на кои несомнено им е потребна нејзината помош. Таа ги учи своите нови пријатели дека перењето, чистењето, раскревањето, но и грижата за личната хигиена се активности што не смеат да се избегнуваат, без разлика на полот, ниту возрастта. Во сликовницата се вклучени и голем број забавни активности.
Книга со активности наменета за деца од второ одделение. Специјално изработена тетратка наменета да се олесни процесот на учење на нашата азбука, правопис, ракописни букви, составување песнички, решавање задачи, логика, природни науки, запознавање со поширокото семејство, татковината и останати забавни и креативни активности преку кои првачињата ќе можат да научат многу нови нешта.
Букварот на Биби е задолжително четиво за секое дете што влегува во светот на буквите, читањето, пишувањето. Со него на лесен и забавен начин девцата ќе научат да ги препознаваат и да ги пишуваат печатните и ракосписните букви, а ќе се подготват за пишување со графомоторички вежби. Со него тие ќе читаат, ќе рецитираат, ќе пеат заедно со Биби и Боби и ќе се смеат. Во овој буквар се пополнува, се црта, се бои и се пишува. А тој е неизбежен за секоја детска библиотека. Број на страници: 140
Одењето на заболекар секогаш е „интересно“ искуство за децата. Често кај нив може да се појават емоции на страв. Од „Книгата на емоции“ дознајте како нашите јунаци Биби и Боби го надминуваат ова чувство. Предлог-активност: Зборувајте со децата за редовното одење на заболекар преку искуството на Боби и Биби.