Регистрирај се и продолжи со купување!
Најмалите уживаат во книги кои имаат ритам, рима и повторување. Кои книги се соодветни за нив❓ 📒 Книги со едноставни и светли бои или контрасни слики бидејќи на тој начин може полесно да се фокусираат; 📒 Книги со различна текстура; 📒 Книги со слики од деца; 📒 Меки, водоотпорни, картонски или платнени книги; 📒 Книги за храна, транспорт, животни; 📒 Книги што имаат илустрации од едноставни предмети/објекти
Што ќе се случи кога ќе се спојат две древни јапонски вештини? Борачката вештина - карате и вештината на пишување јапонска хаику поезија - со која треба да владее секој добар каратист.
Ловецот по најкраткиот пат поита низ шумата, дојде до дувлото на волкот, па пред самиот влез постави една гооолема стапица. Тогаш го преправи гласот и викна: - Волку, излези, јас сум, Биби. Волкот, не насетувајќи ништо, излезе од дувлото и ….
Алфеј вознемирано лета - ита накај Биби и Боби. Што се случува во Скриената долина? Замислете, оваа прекрасна, мирна долина на еднорозите е нападната од џиновите од Џин-земја! Кој може да ја спречи оваа страшна џиновска инвазија?
Прво екслузивно издание составено од 5 сказни од едицијата на Светот на Биби. Прекрасни илустарции на 136 страници
Сликовница за историјата на фудбалот во светот и во Македонија, за најголемите наши фудбалски успеси, сказна за најмалите, алманах со нашите херои и постер од македонската фудбалска репрезентација